
Босилек
„Што ме прави постојано среќна?“
Босилек - вкусен и негувателен
*Доколку сакате да засадите босилек во вашиот дом, потребно е да го чувате покрај прозорец изложен на сонце, на минимална температура од 16 °C. Но, без разочарување, бидејќи босилекот не е долготраен како собно растение.
Популарниот босилек се користи често како зачин во разновидни кујни, поготово како додаток во болоњезе сос и разни преливи за салата. Покрај тоа, босилекот ни користи во многу области од животот, вклучително и за нега и убавина. Уште од античко време, маслото од босилек се користело за нега на кожа. Пред сѐ, незаменлива е неговата хармонична и охрабрувачка арома. Денес ова растение наоѓа повеќе примени во козметиката и домаќинството, како на пример во шампоните, геловите за туширање и средствата за чистење стакла.