
Веганска замена за месо и вегански намази
Некои работи ги правиме на начинот на кој ги правиме, само затоа што така сме ги правеле отсекогаш. Но, дали сите навики кои ги имаме се исправни. Една од таквите навики е консумирањето на месо. Сигурно познавате некој во вашето опкружување, кој од етички или здравствени причини престанал со консумирање месо, а затоа се чувствува феноменално и постојано го опишува чувството на лесност и пријатност.
Но, не е доволно само да се откажеме од месото, туку треба да најдеме и адекватна замена за истото. Затоа, ние ви прдлагаме неколку одлични замени за месо. И тоа органски, од нашата dm марка – dmBio.
Камелеонот помеѓу јадењата
Заради својата неприкосновена прилагодливост, оваа намирница можете да ја користите во најразлични врсти јадења – сирови, пржени или печени – вистински применлива и прилагодлива во многу оброци.
Познато е по своите нутритивни вредности и претставува одличен извор на протеини и аминокиселини. По потекло е од Кина, каде се користи веќе 2000 години наназад и е неизоставен дел од азиската кујна.
Во домашните кујни, најчесто главна состојка во повеќето јадења е месото, но ова намирница може да биде поздрава и повкусна замена, па затоа зазема високо место во вегетаријанската исхана.
Сигурно веќе претпоставувате дека станува збор за тофу.
Ако до сега не сте го пробале, не морате да одите до Кина, туку едноставно во најблиската наша дрогерија.
Погледнете дел од нашиот асортиман кој би можел да ве интересира: