КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Чекор по чекор до вашиот дом

Пред да го држите во рака готовиот производ, тој проаѓа низ многу различни производствени чекори. Во продолжение ќе ги погледнете сите чекори на производството на вашиот производ и ќе ги запознаете луѓето кои учествуваат во истите.

  1. Sprungmarke

    → Одгледување и берба

  2. Sprungmarke

    → Преработка

  3. Sprungmarke

    → Увоз и продажба

  4. Sprungmarke

    → Од нас до вас

Крај на листата

Одгледување и берба, Иматоро, Кангала, Доуна, Кaнкалаба, Буркина Фасо

Мангото е плод на зимзеленото растение манго кое припаѓа на семејството на ружани и може да порасне до 45 метри во висина. Манго дрвото може да даде до 300 плода и расте првенствено во тропските области, вклучително и Централна и Јужна Америка, Карибите и тропска Африка. Постојат повеќе од 1000 сорти манго, со различни големини, форми и вкусови. Во зависност од сортата, времето на берба варира меѓу март и септември. Зрел плод може да биде висок до 20 цм и тежок 2 кг. Покрај „месото“ од мангото, јадрото на лушпата може да се искористи за правење на масло.

  1. Во Европа мангото во продавниците може да се најде како свежо или суво. Нашите сушени dmBio парчиња манго во Naturland квалитет доаѓаат од западна Буркина Фасо, каде постои тропска, променлива клима која ја карактеризираат екстремни флуктации меѓу сушни и врнежливи сезони. Просечните температури тука се меѓу 25°C и 30°C

  2. Околу 160 мали земјоделски семејства организирани се во 7 заедници и одгледуваат овошје на околу 300 хектари земја. Здружувањето во заедници ги прави процесите поефикасни, ресурсите се делат, а процесите за сертифицирање се спроведуваат еднообразно

  3. Малите земјоделци добиваат редовна обука за добри земјоделски пракси и пракси на органско одгледување. Освен манго, на фармите се одгледуваат и стебла на акација и палми на урми за да се подобри квалитетот на тлото и да се подобри биолошката разновидност. Освен тоа, продажбата на дополнителни суровини обезбедува поголем приход, а со тоа и постабилна егзистенција на земјоделците

  4. Сортите Amelie, Brooks, Leepens и Kent воглавно се одгледуваат во Буркина Фасо. Зависно од сортата, мангото се бере меѓу март и септември. Мангото се бере додека е несозреано, бидејќи зрелото манго е многу почувствително на оштетување при транспортот. Обраното органско манго, се транспортира и обработува во главниот град Угадугу.

Крај на листата

Обработка, Угадугу, Буркина Фасо

Во Угадугу мангото понатаму се обработува и подготвува за извоз во Германија. Во тек на целата година, нашиот добавувач вработува околу 30 луѓе, а во производството се вработени и околу 100 сезонски работници.

  1. Кај нашиот пред-добавувач, кој го обработува мангото во Угадугу, плодовите прво се складираат додека созреат. Тоа може да потрае и една седмица.

  2. Потоа се разделуваат...

  3. ... Се мијат...

  4. ... Се лупи кората и се сечкаат на мали парчиња...

  5. .. И потоа се сушат околу 12 часа. За еден килограм сушено манго Amelia потребно е од 12 до 15 кг сирово манго, за сортата Brooks 18 до 25 кг, а за сортата Leepens околу 15 кг

  6. Готовите производи проаѓаат строга контрола на квалитет, па прво се пакуваат во вреќи, а на крајот во кутии. Робата се носи со воз и камион во ладилници на пристаништето Абиџан, на Брегот на Слоновата коска, а оттаму со брод се превезува до Хамбург. Оттука со камион оди преку нашите партнери во производство.

  7. Во 2009 година, Fogue Koudahodie ја основал фабриката за преработка со цел поттикнување на малите земојделци да прејдат во органско одгледување. Тој го собира нивното манго, го преработува и го извезува. Со тоа се отвораат работни места во погонот за преработка, а малите земјоделци добиваат пристап до меѓународниот пазар.

  8. Jacqueline Toe има 52 години, а во компанијата на Fogue е вработена од 2009 година. Одговорна е за набавка на суровини и производство, па обезбедува исполнување на високите барања за квалитет. Посебно ѝ се допаѓа добрата работна атмосфера во работа со колегите.

Крај на листата

Увоз и продажба, Ојтин, Германија

Нашиот производствен партнер е пионир на органското производство и е специјализиран повеќе од 40 години за органско одггледано сушено овошје, јаткасти плодови и производи од кокос, кои внимателно се обработуваат и пакуваат на начин кој штеди ресурси. Средно големата компанија се потпира на долгорочни лични контакти со земјоделските партнери ширум светот, води сопствени еколошки проекти и поддржува локални земојделци. Со обука и нови погони за преработка во земјата на потекло, фокусот е на проширување на асортиманот на производи со сертификат Naturland и зголемување на бројот на еколошки управувани земјоделски површини.

  1. Мангото исто така е подложно на интензивна контрола на квалитет од страна на нашиот партнер во производството во сопствена лабораторија.

  2. Ако робата е исправна, се пушта на полнење со подвижна лента и се транспортира до вагата.

  3. Парчињата манго се полнат во вреќички преку транспортна трака и се затвораат. На фолијата на пакувањето претходно е втиснат рок на траење и серија, а снабдена е и со налепница за полесно затворање.

  4. Следат понатамошни проверки за правата количина на полнењето и за страни тела во пакувањето, пред да се стават во пакетче во кутија и на палета.

  5. Нашиот производствен партнер се потпира на долгорочната соработка со своите добавувачи, што нему и на земјоделците им дава стабилност и сигурност во планирањето. Земјоделците добиваат поддршка во постигнувањето на сите барања во поглед на квалитетот и одржливоста на производот, вклучувајќи ја поддршката и финансирањето на добивањето на сертификатот.

  6. Нашиот производствен партнер работи со добавувачот на манго од Буркина Фасо од 2011 година и е присутен таму барем еднаш годишно. Благодарение на блиското, долгогодишно партнерство, обработливите површини се значително проширени. Освен тоа, нашиот производствен партнер со вложувањето поддржува прилики за подобрување во делот на квалитетот, ефикасност и одржливост.

Крај на листата

Од нас до вас

Од нашите дистрибутивни центри, dmBio мангото ја започнува завршната фаза на својот пат до нашите дрогерии. Кога ќе стигне на дестинацијата, се става на полиците каде може да го пронајдете следниот пат кога ќе одите на пазарување. 

Вашиот производ ги има следните сертификати:

Проекти кои ги поддржува:

Промовирање на еколошкото земјоделство во Буркина Фасо

Fogué Kouduahodie ја основал својата компанија со седиште во Угадугу, Буркина Фасо во 2009 година. Компанијата преработува и извезува органско манго.  

Fogué е инженер за прехранбена технологија и има долгогодишно искуство во техничкото намалување на сиромаштијата и одржливото земјоделство. Неговата цел е да ги увери земјоделците во Буркина Фасо да практикуваат органско одгледување, да ги обучат и да ги поврзат со светскиот пазар. Неговата компанија откупува органско одгледано манго од земјоделците и го преработува и извезува, меѓу другото, во Германија. Притоа промовира заштита на климата и видовите, како и стабилен приход за земјоделците и вработените во преработувачката индустрија. 

Нашиот германски производствен партнер ја поддржува компанијата Burkinabe речиси од нејзиното основање. Блиското партнерство официјално започнало во 2000 година. Нашиот производствен партнер не само што увезува сушено манго, туку ја поддржува и компанијата Burkinabe во финансирање на набавката на суровини пред сезоната, сертифицирањето или вложувањето и купувањето со цел подобрување на процесот, квалитетот и одржливоста. Преоѓањето од еколошки начин на производство на Naturland одгледување, исто така е заеднички одлучено и успешно совладано. Смерниците на Naturland ги надминуваат барањата на Одредбите на ЕУ за еколошки производи. Критериумот вклучува префрлање на целокупното работење кон еколошки и друштвени смерници кои се обврзувачки за сите компании.  

Нашиот партнер во производството и компанијата на Figue одлучиле да задржат и дополнително да ги прошират своите високи стандарди во иднина. Проектот за одгледување се проширува, како на дополнителни површини за одгледување, така и на дополнителни суровини. Тоа дава дополнителна корист за природата и дополнителни извори на приход за земјоделците. dm го поддржува овој проект.