КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Заштитен фактор секој ден! Зошто?

Сончевите зраци се извор на светлост и топлина т.е извор на живот, животот на Земјата. На Земјата доаѓаат 2/3 од сончевата енергија, и од таа 10% припаѓаат на УВ зраците, 50% видлива светлина и 40% инфрацрвено зрачење. Иако сонцето е извор на живот на Земјата во последните десетици години сѐ почесто зборуваме за штетното влијание на УВ зраците, што се должи на оштетување на озонската обвивка, а ние во овој текст заедно со Д-р Александра Лазаревска која е специјалист по дерматовенерологија  ќе ви го појасниме сето она што ве интересира на оваа тема.

За почеток, треба да знаеме дека UV зраците ги сочинуваат UVC, UVB и UVA зраци. Прочитајте во продолжение која е разликата меѓу нив!

dm дрогерие маркт

Време за читање 6 Мин.

1/3/2024

Заштитен фактор секој ден! Зошто
  1. Д-р Александра Лазаревска - Специјалист по дерматовенерологија

Крај на листата

Разлика меѓу UVA, UVB и UVB зраци

UVC  зраците коишто се најштетни, не допираат до Земјата, тие се апсорбираат во озонската обвивка.

Јачината на UVB  зраците зависи од годишната доба и од периодот во денот. Најинтензивни се во летен период и на пладне. Минуваат низ вода, а не минуваат низ стакло (исклучок е кварцно стакло). Предизвикуваат акутни и хронични оштетувања на кожата. Тие имаат токсичен ефект на површните клетки и доведуваат до оштетување на ДНК, што значи дека оштетувањата се трајни. Овие оштетувања се одговорни за појава на предвремено стареење, дамки, кератози и карциноми на кожата. Прекумерно изложување на UVB зраците предизвикува црвенило за 12-24 часа, а по 48-72 часа кожата на тоа место потемнува. UVB- B се поврзува (за полесно помнење) со burn.

UVA зраците се константни во текот на целата година и опфаќаат околу 95% од UV зраците што пристигнуваат на Земјата. Имаат поголема бранова должина од UVB и навлегуваат во подлабоките слоеви на кожата (во дермот), притоа се одговорни за оштетување на еластинот и колагенот од кожата. Тие немаат токсичен ефект на кератиноцитите и главно се одговорни за предвременото стареење на кожата. Исто така тие се одговорни за реакциите на лекови предизвикани од изложување на UV зраци, кои може да бидат фототоксични или фотоалергиски. Поминуваат низ стакло, вода и облаци ( низ облаци дури95%). UVA-A се поврзува (за полесно помнење) со ageing.

Последици од негативното влијание од UV зраците

Последиците може да бидат акутни и хронични.

Акутни: сончани изгореници, фототоксични и фотоалергиски дерматози (фотосензитивни материи + UV зраци кои биле применети локално или биле внесени во организмот), соларна уртикарија, полиморфна светлосна ерупција и др.

Хронични: предвремено стареење, појава на дамки (мелазма), кератози, соларна еластоза и карциноми.

Важно: UV зраците може да ги влошат веќе постоечките дерматози.

Што значи одговорно однесување на сонце?

Одговорно однесување на сонце подразбира избегнување на изложување на сонце од 10 до 16 ч. Кога сме изложени на сонце во другите временски периоди да носиме соодветна облека, шешири, наочари и да користиме SPF препарати.

За ориентација дали да се излезе на сонце и како да се однесуваме помага UV индексот. Тој претставува компјутерски измерен параметар кој ја покажува јачината на UV зрачење во одреден период од денот на одредено место. Се мери од 1-11+ и колку е поголем, толку поголема е опасноста од штетното дејство на UV зрачење.

SPF препаратите може да бидат хемиски или во поново време се нарекуваат органски и минерални или аноргански. Хемиските ги апсорбираат фотоните на UV зраците а потоа ги претвораат во топлинска енергија која се оддава. Истите даваат добра заштита од UVB зраци, но заштитата од UVA не е потполна. Анорганските прават физикална бариера, всушност ја препокриваат кожата која потоа ги рефлектира зраците. Многу е важно SPF препаратите да имаат ознака дека даваат заштита и од UVA и  од UVB зраци и најдобра опција е да содржат комбинација од хемиски и минерални филтри. Односот за заштита UVA/UVB треба да е 1/3.

SPF е всушност мерка која означува колку долго може да се остане на сонце без опасност да настане изгореница. На пример SPF 30 овозможува 300 минути изложување на сонце, тоа значи дека без заштитен фактор од 30 би направиле црвенило на кожата за 10 минути (30 SPFx10мин).

Изборот на соодветен SPF препарат зависи од неколку фактори: типот на кожата, возраст, за кој дел од телото е наменет, каков е UV индексот и на која географска положба се наоѓаме. Кога се наоѓаме на море освен директното UV зрачење тука е присутна рефлексијата на UV зраците од водената површина и од песокот. Или пак кога се наоѓаме на планина каде има големи снежни површини има директно UV зрачење и рефлексија од снегот. Тоа значи дека сурферите и скијачите треба секогаш да користат SPF 50. SPF избор за лице секогаш треба да е 50, а истото важи за чувствителна и осетлива кожа за тело.

Како посебна категорија се сметаат децата, кај кои до 6 месечна возраст не е дозволено изложување на сонце ни со SPF, a децата до 12 години треба посебно да бидат заштитени бидејќи нивната кожа не создава подеднакво меланин како во зрелата кожа на возрасните.

Согласно класификација од светски познатиот автор Fitzpatrick, постојат 6 типови на кожа. Првите 4 припаѓаат на белата раса, а во Македонија најзастапени се тип 2 и тип 3.

Препаратот со SPF се нанесува 20 минути пред изложување на сонце. Треба да се реаплицира на секои 2-3 часа. Просечно за една особа е потребно 30-35 мл за едно нанесување на цело тело. Водоотпорните SPF овозможуваат заштита од 40 -80 минути при капење.

По форма може да бидат: креми, лосиони, млека, аеросоли или спреј, гел и стик. За сува кожа пепорака е да се користи крем, за масна и комбинирана гел -крем, за усни стик.

  1. sundance

    млеко за сончање З.Ф. 50, 200 мл

  2. sundance

    маслен спреј за брзо потемнување З.Ф. 20, 200 мл

  3. sundance

    матирачки флуид за лице З.Ф. 30, 50 мл

  4. sundance

    балсам за усни З.Ф. 30

  5. sundance

    SENSITIV спреј за сончање З.Ф. 30, 200 мл

  6. sundance

    MED ULTRA SENSITIV крем-гел за сончање З.Ф. 50+

  7. sundance

    Kids SENSITIV спреј за сончање З.Ф. 50, 200 мл

  8. sundance

    Kids MED ULTRA SENSITIV млеко за сончање З.Ф. 50+, 200мл

Крај на листата

Најчести забуни за фотопротекција

  1.  Со користење на SPF креми може да се престојува на сонце во периодот од 10-16 ч.
  2.  Под чадор за сончање, и кога носиме шешир не е е потребен SPF
  3.  Кожата е потемнета од сонце и веќе не е потребен SPF
  4.  SPF креми се користат само во летниот период
  5.  Кога е облачно не е потребна SPF крема

Па, можеме да заклучиме: Негативните влијанија од UV зраците имаат кумулативно дејство, што значи дека се собираат во текот на целиот живот. Многу од козметичките препарати содржат заштитен фактор што го олеснува безусловното спроведување на најважната препорака за фотопротекција преку целата година - 365 дена  и одржување на младиот и здрав изглед на кожата.