
Кажете не за предвремено стареење на кожата!
Заштитете ја кожата на лицето од штетните сончеви зрачења.
Кремот за сонце е составен дел од секој одмор, излет или било каква активност помината надвор, на сонце. Но дали ја заштитувате вашата кожа кога одите на кафе или ручек пауза со вашите пријатели, а сте изложени на сонце? Многумина од нас ги потценуваат последиците од штетното сончево зрачење, кое е активно дури и во сенка. Со овие едноставни совети ќе ја заштитите вашата кожа од предвремено стареење поттикнато од сонцето.
Дневен крем за лице со УВ заштита
Во многу дневни креми за лице, покрај хидратацијата, интегрирана е и УВ заштита, која ја штити кожата од стареење поттикнато од сончевите зрачења. Имате премногу масна кожа? Нема проблем: Дури и лесните матирачки креми имаат во себе интегрирана УВ заштита. Посебно практични се флуидите за сонце. Негувателниот и заштитен флуид се користи како дневен крем и е идеален и како основа за шминка.
Совет: Кремите за сонце штитат и од пигментациски флеки. При нанесување не ги заборавајте вратот и деколтето - несаканото стареење е речиси најзабележливо во овие предели.
Заштита од сонце во шминката
Комбинацијата на крем за сончање и шминка не е едноставна. Решението е во основите или во BB кремите со интегрирана УВ заштита. Овие ни даваат еден рамномерен изглед и ја штитат кожата од сонцето.
Лесни средства за лице
Кој сака подолго да ужива под сонцето секако треба да одбере крем според типот на кожата. За нега на вашето лице во летови ги предлагаме флуидите за сончање, бидејќи истите брзо се впиваат, ви даваат одлично чувство и ја хидрираат и штитат кожата.
Носете очила за сонце
Дополнителна заштита против создавањето на брчки се и очилата со УВ филтер.
Внимавајте: Темните очила без УВ заштита може повеќе да наштетат отколку да бидат од корист, бидејќи преку тонирањето се наршува природниот механизам за заштита на очите. Последица: зеницата престанува да се собира со што штетните УВ зрачења навлегуваат непречено во окото.














