КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Летен пар од соништата: Make up & крем за сончање

Со наша помош, пронајдете го совршениот спој за нега, заштита од сонце и совршен тен, па радувајте се на дополнителната доза на лесно чувство и лето без компромиси.

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 5 Мин.

1/3/2024

Leten par

Топлото летно сонце ве поттикнува да скокнете во ладна вода и да обезбедите make up кој ќе го издржи тоа! Ако не сакате да одите без шминка на плажа, на езеро или на отворен базен, пред сè треба да се погрижите за соодветна заштита од сонце со доволно висок заштитен фактор. Ве советуваме кои производи за заштита од сонце се најдобри за летниот make up и како може да постигнете долготрајна заштита.

Летен совет број 1: Прво заштита, а потоа шминка

За кратка прошетка низ град, доволен е дневен крем со заштитен фактор. Меѓутоа, ако сакате да уживате во сончевите зраци на плажа, езеро или на отворен базен, сигурно ќе ви треба крем за сончање како подлога. Тој нуди значително поголема заштита и не е важен само за превенција на сончевите изгореници и рак на кожа, туку се бори и против предвремено стареење на кожата, брчки и пигментациски дамки.

Кремот за сончање во идеален случај се носи под шминката и треба да биде следен чекор по нанесување на хидратантен крем. Производот за заштита од сонце оставете го да впие за кожата да може целосно да ги апсорбира активните состојки и да спречите мешање со шминката. По отприлика 15 минути, можете комплетно да се посветите на својот make up, без незгодни изненадувања и несакано пецкање околу очите.

Летен совет број 2: Користете крем за лице со заштитен фактор кој има лесна текстура

На масните креми за сончање, местото не им е на лицето – и тоа со добра причина: Шминката се топи веќе на првиот зрак сонце, затоа што не може да се задржи на кожата. Со тоа, на масната или нечиста кожа никако не ѝ одговараат масни и тешки креми за заштита од сонце.

Затоа внимавајте текстурата на производот за заштита од сонце да биде посебно лесна. Благодарение на ултра лесните формули, посебните креми за лице со заштитен фактор ја оставаат кожата многу мека и прават совршена подлога за постојан летен make up. Не заборавајте да нанесете производ за заштита од сонце на врвовите на ушите и нежната кожа околу очите, затоа што тие предели се посебно чувствителни на сонце.

Летен совет број 3: Пристојна шминка наместо ефектот на маска

Откако ќе нанесете производ со заштитен фактор, време е да се нашминкате. Како и кај изборот на крем за заштита од сонце, важно е да користите производи со лесни текстури и да ги оставите make up  производите убаво да впијат. Паметно изберете ја шминката и одвојте време за тоа. Многу производи не се погодни за блескав и постојан летен make up, затоа што потта и водата можат во многу кратко време да ја размачкаат шминката.

Наш совет: Водоотпорна и лесна течна пудра дава најдобри резултати. Многу е едноставна за нанесување, добро поднесува пот и вода и не ја оптеретува дополнително кожата. Подлогата е посебно добро издржлива, ако по нанесувањето користите и пудра за фиксирање.

Летен совет број 4: Тониран крем за заштита од сонце и водоотпорна шминка

Тешко дека има нешто понезгодно од непосакувани појави на размачкана шминка, по капењето во освежувачка вода. Тонираниот крем со заштитен фактор може да биде идеален производ за вас – одлично ги покрива недостатоците на кожата на лицето и деколтето и создава изедначен тен. Значи, не мора да ризикувате и можете опуштено да уживате во својот ден за капење.

Нанесете водоотпорна шминка за очи и дефинирајте ги усните со моливче за усни. По капењето, најдобро е лесно да го потапкате лицето со козметичка марамица или едноставно оставете ја кожата сама да се исуши. Така вашиот летен make up ќе остане долго време свеж, па можете безгрижно да блескате заедно со сонцето.

Летен совет број 5: Производи со заштитен фактор за секој ден

UV зраците штетно делуваат на кожата 365 дена во годината, а нема да нè поштедат и во врнежливите и облачни денови. Затоа треба задолжително да размислите за соодветна заштита на кожата од сончеви зраци и да не ја штитите само во сончеви денови.

На пример, производите во практични мали пакувања ги собира во секоја чанта и пружаат доволна заштита кога сте на пат или во брзање (ако заборавите да нанесете заштита од сонце). Според нашето мислење, освежувачките спрејови за лице исто така се апсолутен must have за лето. Проѕирната формула моментално ја фиксира шминката и пружа освежување во топлите летни денови.

  1. Balea Q10 крем за лице, 50 мл

    Balea

    Q10 крем за лице, 50 мл

  2. s.he colour&style водоотпорна маскара, 1 парче

    s.he colour&style

    водоотпорна маскара, 1 парче

  3. Balea VITAL крем за лице, 50 мл

    Balea

    VITAL крем за лице, 50 мл

  4. Sundance Pro Climate флуид за лице З.Ф. 50, 100 мл

    sundance

    Pro Climate флуид за лице З.Ф. 50, 100 мл

  5. Balea тониран крем за лице, 50 мл

    Balea

    тониран крем за лице, 50 мл

  6. sundance sensitive балсам за усни, 4.8 г

    sundance

    sensitive балсам за усни, 4.8 г

Крај на листата