Нијацинамид - витамин за убавина на вашата кожа
Често си го поставувате прашањето: Што помага против нечиста кожа? Што да се направи против акни? Постои ли нешто против дамки и хиперпигментација? Ние го имаме одговорот: Нијацинамид!

dm дрогерие маркт
Време за читање 4 Мин.
•
5/8/2026

Што е нијацинамид?
Досега никогаш не сте слушнале за нијацинамид? Можеби повеќе ви е познат како витамин Б3. Нијацинамид е всушност посебна форма на витамин Б3, кој при редовна употреба може да има многу позитивно дејство врз кожата.
Природно се содржи во житарици, месо, риба, јајца и овошје, а витаминот Б3 генерално го поддржува телото при закрепнување и регенерација на мускулите, како и при обновување на кожата, нервите и ДНК. Нијацинамидот конкретно го стимулира енергетскиот метаболизам на клетките, го поттикнува производството на колаген и затоа во козметиката денес се слави како вистински витамин за убавина на кожата.
Покрај хијалурон, алое вера, витамин Ц и ретинол, нијацинамидот зазема сè поважно место во нега на кожата и се смета за вредна состојка на квалитетни производи за нега. Не е ни чудо, бидејќи позитивните аспекти на нијацинамид се навистина разновидни.
Разновидна употреба
Нијацинамид е вистински моќен витамин за кожата, на кој треба да му се обрне повеќе внимание. Оваа молекулиа продира длабоко во кожата и ја поддржува нејзината природна заштитна функција, обезбедува хидратација и видливо ги намалува зголемените пори.
Дополнително, нијацинамидот има регенеративно, смирувачко и регулирачко дејство. Може успешно да се користи при акни и пубертетски мозолчиња, нечиста кожа, пигментни дамки, лесни оштетувања од сонце и црвенило на кожата. И во anti age негата, нијацинамидот е вистински таен совет.
Витаминска бомба за кожата: Ниjацинамид во козметиката
Веќе подолго време страдате од нечиста кожа, акни и мозолчиња? Сакате да го подобрите изгледот на кожата, да ги намалите дамките и ситните брчки, но сепак да ги задржите вашите вообичаени производи за нега?
Тогаш активната состојка нијацинамид е совршено дополнување, бидејќи моќниот витамин за кожата лесно може да се интегрира во секојдневната рутина за нега. Разгалете ја кожата со дополнителна доза витамин Б3 и пронајдете го вашиот омилен производ!
Серум со нијацинамид за секојдневна употреба
Зголемени пори, непожелен сјај, мали неправилности во тенот или нечистотии – серумите со ниjацинамид ви помагаат повторно да го добиете природниот сјај. Користете наутро и/или навечер. Серумот ја регенерира кожата, ја намалува хиперпигментацијата и видливо го подобрува изгледот.
Прашок од нијацинамид за флексибилна употреба
Лесно растворливиот вегански прашок може едноставно да се помеша со производи за нега на лице кои содржат вода и така да овозможи уште поинтензивни моменти на нега, без да мора да ја менувате вашата козметика. Едноставен за употреба и идеален како дополнување, прашокот од 100% нијацинамид е апсолутен must-have за сите што сакаат рамномерен тен. Ве молиме задолжително прочитајте ги упатствата за употреба.
Маска за лице со нијацинамид
Хормонални промени, надворешни влијанија, прекумерно создавање себум и неправилна исхрана често се причини за акни, митесери, нечистотии и зголемени пори. Кожата копнее по дополнителна нега и внимание. Тука маските со нијацинамид се вистински таен совет, бидејќи вредните состојки имаат можност да продрат длабоко и да делуваат одвнатре.
Основа за шминка со нијацинамид
Одредени козметички линии сè повеќе се потпираат на оваа моќна активна состојка и ги збогатуваат пудрите со нијацинамид. Во комбинација со други хранливи состојки, пудрата не само што одлично покрива, туку и долготрајно ја негува кожата. Истакнете ја вашата природна убавина и заокружете ја вашата рутина со соодветна веганска пудра.









