КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Вегетаријански полнети пиперки

од Настасија Кјара Петриќ

2/20/2024

вегетаријански полнети пиперки

Готово за 100 Мин.

Време за подготовка: 35 Мин.

Време за готвење-/печење: 65 Мин.

Вегетаријанско

Без глутен

Главно јадење

Состојки

за 4 Порции

Вегетаријански полнети пиперки

  • 1 пакување dmBio веганска мелена мешавина 

  • 1 голема главица црвен кромид

  • 3 поголеми чешниња лук 

  • Малку dmBio екстрадевствено маслиново масло

  • 3 полни лажици dmBio сушен зеленчук во прав

  • 1 полна лажица црвен пипер

  • 1 – ½ лажичка мелен црн бибер

  • 2 мали јајца

  • 7-8 средни пиперки бабури

  • 150 г dmBio ориз со цело зрно

  • 690 г сос од домати

  • 3 ловорови листа 

  • Половина лажичка сол и уште малку мелен црн бибер по вкус

  • 1 китка магдонос или целер 

Подготовка

на пиперките

  1. Чекор

    Прелијте ја веганската замена за месо со зовриена вода и оставете барем 15 минути да набабри, па исцедете ја и оставете ја на страна додека ги подготвувате другите состојки.

  2. Чекор

    Кромидот ситно исечекајте го и продинстајте го на малку маслиново масло додека да омекне и малку да карамелизира. Лукот стиснете го низ преса за лук и додајте го во кромидот малку да се запече, па потоа додадете ја набабрената и процедена веганска мешавина.

  3. Чекор

    Пропржете ја смесата заедно со сушениот зеленчук, црвениот и црниот пипер. Пржете ги состојките барем 10 минути додека течноста потполно не испари. Префрлете ја смесата во сад настрана и почекајте да се олади. Додајте го оризот и јајцата и измешајте да добиете еднолична смеса. Пиперките измијте ги, исчистете ги од семките и наполнете ги со смесата.

  4. Чекор

    Во голем лонец ставете го сосот од домати и додајте вода колку што собира во теглата од сосот од домати. Додајте ловоров лист, китка магдонос, посолете и уште малку сол и црн пипер, ставете ги полнетите пиперки, затворете го лонецот и варете 45 минути додека пиперката да омекне и да се свари оризот.

  5. Чекор

    Сервирајте го јадењето со варен компир или пире, а остатокот по потреба замрзнете го за друг ден. Совет: Подгответе двојно количество полнети пиперки и вишокот замрзнете го за да си ја олесните подготовката на ручек за друг ден кога немате доволно време за готвење.

  1.  dmBio ориз, 500 г

    dmBio ориз, 500 г

  2. dmBio веган замена за месо, 75 г

    dmBio веган замена за месо, 75 г

  3. dmBio сушен зеленчук, 290 г

    dmBio сушен зеленчук, 290 г

  4. dmBio маслиново масло, 750 мл

    dmBio маслиново масло, 750 мл