КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Колач од лимета и ф‘стаци

од Настасија Кјара Петриќ

1/26/2024

Готово за 65 Мин.

Време за подготовка: 25 Мин.

Време за готвење-/печење: 40 Мин.

Десерт

Веганско

Состојки

Колач од лимета и ф‘стаци 

  • 300 г брашно за пица или мазно пченично брашно тип 550

  • 140 г dmBio шеќер од шеќерна трска

  • 2 кесички dmBio ванилин шеќер

  • dmBio прашок за пециво

  • 1 прстофат сол

  • 100 мл dmBio масло за печење

  • 100 мл dmBio масло за печење

  • 2 големи лимети (100 мл сок + кора)

  • 1 пакување ф‘стаци (200 г)

  • 1 овесен јогурт

Подготовка

  1. Чекор

    За почеток изрендајте ја кората од лимета и оставете ја настрана, па исцедете го сокот за да добиете 100 мл течност. Бидејќи во лиметата нема многу семки, секако искористете ја и внатрешноста која се двои при цедењето.

  2. Чекор

    Во голем сад измешајте го брашното, двата вида шеќер, прашокот за печиво и солта. Во посебен сад измерете масло и јогурт од овес, па додајте го сокот од лимета, „месото“ од лиметата и со жица за матење лесно измешајте ги сувите и влажните состојки. Немојте премногу да ја мешате смесата, само колку да се изедначи.

  3. Чекор

    Загрејте ја рерната на 180 ºС. За овој тип на колач, најдобро е да користите силиконски калап за печење, може тркалезен, правоаголен или долгнавест. Ставете ја смесата во калапот и печете 40 минути.

  4. Чекор

    Кога тестото целосно ќе се излади, горниот дел премачкајте го со овесниот јогурт, наросете кора од лимета, па преку целиот колач наросете крупно исечкани ‘фстаци, излупени и тостирани на сува тава за да им се истакне вкусот.

  5. Чекор

    Совет: Овесниот јогурт можете да го замените со кој било друг вегански јогурт по желба. Во овој колач, лиметата може да ја замените со лимон.

  1. dmBio шеќер од шеќерна трска, 1 кг

    dmBio шеќер од шеќерна трска, 1 кг

  2. dmBio овесен напиток од ванила, 1 л

    dmBio овесен напиток од ванила, 1 л

  3.  dmBio сончогледово масло, 500 мл

    dmBio ванилин шеќер 4 x 17 г

  4. dmBio прашок за печиво, 4 x 8 г

    dmBio прашок за печиво, 4 x 8 г

  5.  dmBio сончогледово масло, 500 мл

    dmBio сончогледово масло, 500 мл