КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Медитеранска салата со булгур и фалафел

од Настасија Кјара Петриќ

2/23/2024

Медитеранска салата со булгур и фалафел

Готово за 40 Мин.

Време за подготовка: 25 Мин.

Време за готвење-/печење: 15 Мин.

Вегетаријанско

Без јајца

Состојки

за 4 Порции

Медитеранска салата со булгур и фалафел

  • 200 г dmBio булгур

  • 1 пакување dmBio смеса за фалафел

  • 200 г шери домати

  • 1 помало чешне лук

  • 2 лажици фета сирење

  • 3 лажици dmBio маслинки

  • 1 средна свежа краставица

  • 1 помал црвен кромид

  • 2 лажици dmBio брусница

  • + dmBio масло за пржење на фалафелот

за прелив:

  • 100 мл dmBio маслиново масло

  • 50 мл dmBio јаболков оцет

  • 10 г dmBio сенф

  • 5 г ливадски мед

  • 10 г свеж босилек

  • Половина лажичка сол

Подготовка

на салатата

  1. Чекор

    Булгурот измијте го во цедалка под вода и ставете го да се вари 10-12 минути во малку посолена зовриена вода. Процедете го, измијте го со ладна вода и оставете го во цедалката за водата целосно да се исцеди додека ги подготвувате другите состојки.

  2. Чекор

    Смесата за фалафел помешајте ја со 260 мл зовриена вода, добро промешајте и оставете да отстои 15 минути. Со влажни раце од смесата формирајте 13-15 топчиња. Во тенџерче ставете доволно масло, да дојде до половина од тенџерчето и загрејте го. Топчињата пржете ги на средна температура од двете страни за да добијат златно-кафена боја. Извадете ги во чинија, обложена со хартиена крпа, за да се впие вишокот маснотија

  3. Чекор

    Префрлете го во посебен сад за да се олади, а за тоа време тостирајте ги пињолите на сува тава, како и парчињата багет на грил-тава со маслиново масло.

  4. Чекор

    Доматите измијте ги, исечете ги на половинки или четвртинки и измешајте ги со лукот, стиснат на преса, со фета сирењето и маслинките пресечени на половина. Краставицата излупете ја, пресечете ја по должина, извадете ѝ ги семките од средината и исечкајте ја на коцкички. Лукот излупете го и исечете го на тенки полумесечинки.

  5. Чекор

    Од состојките за прелив, со рачен миксер, направете кремаст прелив за салата. Сварениот и изладен булгур измешајте го со брусницата (можете да ги пресечете зрната на половина, но не мора) и распоредете го на дното на голема чинија. Потоа рамномерно нанесете ја смесата од домати, поросете со краставицата и лукот, наредете го и пржениот фалафел и прелијте со подготвениот прелив од босилек.

  6. Чекор

    СОВЕТ: Ако сакате уште повеќе да го скратите времето на подготовка, наместо dmBio фалафел, со јадењето сервирајте варен наут, малку измиен со ладна вода во цедалка.

  1. dmBio булгур, 500 г

    dmBio булгур, 500 г

  2. dmBio смеса за фалафел, 175 г

    dmBio смеса за фалафел, 175 г

  3. dmBio маслинки, 350 г

    dmBio маслинки, 350 г

  4. dmBio сенф, 200 мл

    dmBio сенф, 200 мл

  5. dmBio јаболков оцет, 750 мл

    dmBio јаболков оцет, 750 мл

  6. dmBio маслиново масло, 750 мл

    dmBio маслиново масло, 750 мл