КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
  1. asortiman za zdravje

Крај на листата

Здравје и благосостојба

Вашето здравје на прво место 

"Здравјето пред сѐ!" – оваа изрека ја имаме сите ние слушнато многу пати во животот. Здравјето е суштински фактор за безгрижен и среќен живот. Благодарение на напредната медицина, луѓето можат да очекуваат подолг и пред сè, поквалитетен живот. Здравиот начин на живот и разновидна исхрана со витамини и минерали, додатоци во исхраната и вистинските производи играат важна улога во одржувањето на физичкото и менталното здравје.  

Покрај тоа, вежбањето и спортот се важни компоненти за добар метаболизам и здраво човечко тело. Благодарение на разни спортови како што се тренинг за сила, издржливост, јога и др. дефинитивно има по нешто за секого. Напорот и вниманието кое ќе му го посветите на вашето тело преку спортот дефинитивно ќе ви се исплати во текот на животот. Дали ги познавате додатоците во исхрана од нашата dm марка Mivolis?

Останете активни – со правите додатоци во исхрана 

Правилните витамини и минерали се неопходни за оптимално функционирање на нашето тело и нашата циркулација. Не е секогаш лесно да се внесе вистинската количина на витамини. Особено во стресни времиња, брзо забораваме да му обезбедиме на нашето тело доволно хранливи материи. Но благодарение на висококвалитетните додатоци во исхрана, секогаш можете брзо да го снабдите вашиот организам со потребните витамини, како витамин Ц, витамин Д и Б (Б2, Б3, Б5, Б6, Б9, Б12) и други есенцијални супстанции како цинк, кои дури и во интензивни и стресни ситуации имаат позитивен ефект врз вашата благосостојба. 
Додатоците во исхраната се достапни во различни форми, како капсули, таблети или шумливи таблети. За добра благосостојба во текот на целиот ден, покрај витамини од А-Z, треба да се внимава и да се обезбеди балансирана диета која вклучува важни хранливи материи како што се јаглехидрати, протеини, масти, витамини и минерали. Многу храна, како месо, јајца, сирење и широк спектар на зеленчук, веќе содржат голема количина на протеини и голем број на витамини. 

Нега на рани: толку едноставно! 

Со различните предизвици со кои се соочуваме секој ден, не е ни чудо да се сопнеме на некоја препрека! Не дозволувајте тоа да влијае на вас. Со практичните производи за прва помош, малите несреќи веќе не се проблем за нас. Сѐ за нега на мали рани и повреди, како флстери, преврски, масти, завои за зглобови и слично, можете да најдете во нашите дрогерии, па така би имале сѐ потребно при рака во непријатни ситуации.  

Не ги игнорирајте телесните предупредувања! 

Дури и со разновидна диета и редовно вежбање, нашето тело може да се обиде да испрати предупредувања во случај на тегоби и неправилности. Додатоци во исхраната и земање други медицински помагала не се замена за посета на лекар и редовна здравствена проверка. Затоа, одете на лекар како дел од превентивна здравствена заштита и проверете ги сите знаци на слабост кои ви ги испраќа вашето тело.