Крај на листата
Храна и додатоци за вашите кучиња и мачки.
После долг ден на работа, познатото предење на мачката или радосното мавтање на опашката на кучето е охрабрувачко добредојде што веднаш предизвикува насмевка на лицата. Нашите миленичиња ни даваат толку многу љубов секој ден. Се разбира, ние само сакаме да им се заблагодариме со најдобра грижа. Затоа, во dm ќе најдете голем избор на додатоци за домашни миленици за нега на мачки и кучиња, како и квалитетна храна од добро познатите брендови. Разгалете ги крзнените пријателите со вкусни оброци и ужина.
Чистотата пред сѐ.
Покрај многу штетници, кучињата и мачките носат со себе и многу нечистотија однадвор. Еден момент невнимание и флеката од шепа е веќе на софата. Но не очајувајте. Со специјални средства за чистење на теписи, мебел и тапацир, како Vanish или Denkmit овие флеки ќе исчезнат брзо и едноставно.
Посебна улога во одржување на хигиената имаат специјалните песоци за мачки. Важен фактор при изборот на песокот за мачки е неговата апсорпција, што спречува непријатни мириси. Овие се и едноставни за чистење. А бидејќи и мачките си ги сакаат овие нивни легла чисти, треба и редовно да ги чистиме...еднаш дневно, додека пак целиот песок треба да се менува еднаш неделно.
Доколку се решите да го смените песокот за некој друг бренд, бидете внимателни. Ако вашата мачка веќе се навикнала на одреден бренд или вид на песок, нагла промена можеби и не е најдобра работа. Направете го тоа полека. Прво измешајте го стариот песок со новиот и полека навикнете го вашето животно на новите околности. Пробајте го песокот за мачки од Dein Bestes, за кој ви гарантираме дека вашето маче веднаш ќе го засака.
Вкусни закуски за вашите крзнени пријатели
Немаат само луѓето преференции за храна. Домашните миленичиња можат да бидат вистински пребирливи гурмани, посебно кога станува збор за храната за мачки и кучиња. Затоа е уште поважно да направиме само најдобар избор за нашите омилени пријатели со четири нозе кога е храната во прашање. Сочно пилешко, говедско или телешко месо во фин сос го поттикнува апетитот кај кучињата и мачките. Во зависност од возраста, вашето домашно милениче има индивидуални потреби кои исто така влијаат на менито.
Висококвалитетната храна за мачки и кучиња за млади, како и за постари домашни миленичиња им обезбедува хранливи материи за нивните коски, зглобови, заби и други телесни функции. Без разлика дали е влажна или сува храна, вашето домашно милениче со задоволство ќе ужива во вкусните оброци од dm.