dm дрогеристи – Услуга за стручно советување за купувачите на dm
Личниот и професионалниот развој на вработените во dm игра посебна улога во политиката на компанијата. Една од придобивките од ова е и стручното и компетентно советување на купувачите. Токму затоа се става посебен акцент на развојот на вработените кои се во непосреден контакт со купувачите преку обука на вработените за професијата дрогерист.
Што всушност е дрогерист?
Дрогерист е продавач со специјализирани знаења од областа на дрогерискиот асортиман. dm им овозможува на вработените во дрогериите да се развијат и да станат експерти во својата работа сè со цел да ги задоволат потребите на потрошувачите со своето знаење. Знаењето стекнато на dm академијата му овозможува на дрогеристот да го советува купувачот и професионално да одговори на прашањата поврзани со асортиманот, на пример за ефектот на одреден чај или кога да се користи одредена паста за заби и слично. Дрогеристите во филијалите можат да се препознаат по беџот што го носат на униформата.
Совети од дрогеристи
Во кои дрогерии може да се добие совет од дрогеристи?
Од деловната 21/22 и dm Македонија стартува со првата генерација дрогеристи, во моментов наставата ја следат уште три вработени. Вкупно имаме 5 дипломирани дрогеристи.
Во продолжение погледнете во кои дрогерии може да ги пронајдете дрогеристите:
Повеќе за дрогеристите и dm Академијата можете да прочитате тука!