Стручно советување на купувачите во dm дрогериите
Од 2017 година, во dm Хрватска се става посебен акцент на развојот на вработените во dm дрогериите преку обука на вработените за професијата дрогерист. Инвестирањето во вработените кои се во директен контакт со потрошувачите е одраз на нашата грижа за потрошувачите. Професионалното и компетентно советување на нашите потрошувачи го подигнува образованието на dm академијата на уште повисоко ниво, а со грижата за нашите потрошувачи покажуваме дека луѓето навистина се во центарот на сè.
Што е дрогерист?
Дрогерист е продавач со специјализирани знаења од областа на дрогерискиот асортиман. dm им овозможува на вработените во филијала да се развијат и да станат експерти во својата работа сè со цел да ги задоволат потребите на потрошувачите со своето знаење. Знаењето стекнато на dm академијата му овозможува на дрогеристот да го советува купувачот и професионално да одговори на прашањата поврзани со асортиманот, на пример за ефектот на одреден чај или кога да се користи одредена паста за заби и слично. Дрогеристите во филијалите можат да се препознаат по беџот што го носат на униформата.
Како се одвива едукацијата на dm академијата?
Вработените во дрогеријата добиваат можност да учествуваат во програмата за обука на dm академија, каде што го усовршуваат своето знаење и експертиза со посетување на девет различни модули кои се подеднакво важни за работењето во дрогеријата. За една година, колку што е времетраењето на школувањето, се изучува материјал од предметите хемија, ботаника, фармакологија, здравје, исхрана, козметика, маркетинг, домаќинство и економија. Важно е да се напомене дека проектот dm академија се состои од 300 наставни часа, 200 часа настава одржана во просториите на dm dialogicum во Загреб и онлајн преку апликацијата Teams и 100 часа наменети за пристап до содржината на платформата Lernwelt. Вработените знаењата стекнати на наставата можат веднаш да ги применат во пракса во дрогериите, а своето знаење го пренесуваат и на другите колеги со кои работат. Покрај вработените во нашата земја, на dm академијата присуствуваат и вработени од dm Србија, dm Хрватска и dm Босна и Херцеговина. Откако вработените ќе ги ислушаат предавањата, секој месец пристапуваат до колоквиуми на платформата Lernwelt, а покрај колоквиумите пишуваат и есеи за дополнително да го совладаат материјалот и да го потврдат наученото. По завршување на секоја година се организира и завршен испит кој се состои од усмен и писмен дел. По успешното полагање на завршниот испит, вработените се стекнуваат со титула дрогерист. Со сертификатот за обука издаден од партнерска институција Калидус, вработените можат да внесат нова професија во својата биографија. Од деловната 21/22 и dm Македонија стартува со првата генерација дрогеристи, во моментов наставата ја следат уште три вработени. Вкупно имаме 5 дипломирани дрогеристи.
Во продолжение погледнете во кои дрогерии може да ги пронајдете дрогеристите: