Совети од дрогеристот Александар: Што значи веган исхрана и како треба таа да се консумира

Терминот „веган“ е употребен за прв пат во 1940-тите години на минатиот век од мала група вегетаријанци кои го напуштиле Здружението за вегетаријанци „Лестер“ во Англија за да формираат Веганска унија.
Нарекувајќи се Веганско друштво, оваа заедница, како и вегетаријанците, избрале да не консумираат млечни производи, јајца или други производи од животинско потекло покрај избегнување на месо.
Зборот „веган“ е избран со комбинирање на првите и последните букви од зборот „вегетаријанец“ (vegetarian). Веганизмот, или веганството, во моментов се дефинира како начин на живот што се обидува да ги исклучи сите форми на експлоатација на животни и суровост за храна, облека или која било друга цел.
Веганството е начин на живот што ги исклучува сите производи од животинско потекло и се обидува да ја ограничи експлоатацијата на животните што е можно повеќе. Веганите исто така избегнуваат употреба на сите лични производи и производи за домаќинството кои се тестираат на животни и не купуваат или користат никакви производи од животинско потекло, непрехранбени производи, како што се кожа, крзно, волна и слично.
Веганите мора да внимаваат и на недостаток на витаминот Б12 ,бидејки не консумираат млеко и јајца. Замена може да бидат соините напитоци ,овесни снегулки, бадемово млеко кои секако можат да се најдат во асортиманот на dm.
Исто така телото потешко го впива железото од растително потекло, па поради тоа веганите треба да внесуваат витамин Ц, кој помага при апсорбирање на железото како и да консумираат мешункасти плодови, житарици, јаткасти плодови и слично.
Веганите треба да внесуваат доволна количина калциум и витамин Д без да јадат млечни производи. Листест зеленчук, тофу, како и производи збогатени со калциум, како што се соино млеко и сок од портокал кои содржат калциум се дел од производите коишто треба да се консумираат. Голем дел од алтернативите за млеко, како и житарките што ги јадеме за појадок се збогатени и со витамин Д.
Веганската исхрана е прилично рестриктивна, па затоа може да биде предизвик да се внесуваат сите нутриенти што му се потребни на телото.
Александар препорачува
dmBio кокосово масло
Кокосовото масло не е само благодат за убавина – тоа е нутритивно чудо. Изобилува со здрави масни киселини, а и е лесен метаболизиран извор на енергија. Овие масти го зголемуваат нивото на добриот холестерол (HDL) и го регулираат лошиот холестерол (LDL).
Додека уживате во кокосовото масло, вие исто така ја поддржувате здравата функција на имунолошкиот систем.
Кокосовото масло е богато со лауринска киселина, има антибактериски и антивирусни својства. Оваа киселина помага во борбата против бактерии, вируси и зајакнување на имуниот систем и ви помага да се одржите здрави и отпорни на болести. Изобилството на лауринска киселина и антиоксиданси го прави кокосовото масло идеално решение за нега на кожа и коса за време на жешките денови.
Неговата привлечна арома ја претвора секоја рутинска задача во пријатно искуство. Од печење вкусни мафини до смислување егзотични оброци инспирирани од кујни на далечни места, разновидноста на кокосовото масло навистина има широка примена.
dmBio агаве сируп
Агаве сирупот е сладок еликсир што се добива од растението и е посладок од шеќерот за 25%. Богат е со антиоксиданси, содржи терпеноиди, сапонини, инулин и гликозиди. Сапонините го намалуваат целокупното ниво на холестерол во организмот и го контролираат растот на канцерогените тумори.
Ние во dm се водиме по изреката „Тука сум човек тука купувам“ и потребите на луґето ги ставаме секогаш на прво место и имаме создадено цела серија на веганска храна и додатоци во исхраната кои им помагаат на луѓето кои се одлучиле за овој начин на исхрана да можат да го практикуваат, но не на сметка на своето здравје.


