КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Органски производи во dm

Од силно еспресо, преку миризлив чај и фин мед, нашиот био асортиман опфаќа намирници кои се сертифицирани според важечките правила за органско производство, вклучувајќи ги и ЕУ био стандардите. 

Основата ја претставува ЕУ био ознаката, која ги дефинира задолжителните барања за одгледување, преработка и контрола. Дополнително, во нашиот асортиман можете да најдете и производи со Naturland или Demeter сертификат, чии барања за одгледување, преработка и благосостојба на животните ги надминуваат законските био стандарди. 

Така можете да избирате од разновидна понуда на сертифицирана био храна, која редовно се дополнува со нови производи. 

Што всушност значи „органско“? 

Без разлика дали се наоѓа на тегла мед, пакување кафе или кутија чај: со зборот „органско“ се среќаваме на многу места при купувањето – но што всушност се крие зад него? 

Во рамките на Европската Унија, поимите „органско“, „био“ и „еко“ се законски заштитени и јасно регулирани со ЕУ регулативата за органско производство. Таа претставува основа за органското земјоделство и пропишува обврзувачки правила за одгледување, преработка, означување и контрола. 

Така, преработените био намирници, на пример, мора да содржат најмалку 95% состојки од органско производство; до 5% може да бидат изземени само во строго регулирани случаи. Овластени и државно надгледувани контролни тела редовно проверуваат дали овие барања се почитуваат. 

За да можете био производите на полицата да ги препознаете на прв поглед, постојат јасни сертификати. Зеленото ЕУ био лого – препознатлив лист составен од бели ѕвезди – означува намирници кои се сертифицирани според ЕУ регулативата за органско производство. 

Во нашиот асортиман можете да најдете и производи со Demeter, Naturland или BIO AUSTRIA сертификат, односно ознака. Зад овие сертификати стојат здруженија со сопствени насоки, кои во области како што се одгледувањето, благосостојбата на животните или преработката ги надминуваат законските барања на ЕУ регулативата за органско производство. 

Со нашата трговска марка dmBio сакаме да ви го олесниме изборот на био производи: dmBio прехранбените производи во нашиот асортиман поседуваат важечки био сертификат. Од мусли за појадок, преку тестенини и грицки, па сè до напитоци, ве очекува разновиден избор за секојдневно уживање. 

Инспирирајте се од следниве производи

  1. dmBio црвена леќа, 500 гр

    dmBio црвена леќа, 500 гр

  2. dmBio тестенини, 500 гр

    dmBio тестенини, 500 гр

  3. dmBio галети од леблебија, 100 гр

    dmBio галети од леблебија, 100 гр

  4. dmBio гранола, 500 гр

  5. dmBio сок од лимон, 200 мл

  6. dmBio кус кус, 500 гр

Крај на листата

По што органските производи се разликуваат од конвенционалните? 

Јаболкото не е само јаболко – важно е и како расте. Органското земјоделство ги следи барањата на ЕУ регулативата за органско производство. 

ЕУ правилата за органско производство забрануваат употреба на хемиско-синтетички средства за заштита на растенијата во органското одгледување, со примена само на дозволени средства и постапки во согласност со прописите. Исто така, тие ја ограничуваат употребата на ѓубрива и не дозволуваат минерални азотни ѓубрива во органското производство. Тоа е една од клучните разлики во однос на конвенционалното одгледување. 

Целта на овие правила е да се намали употребата на одредени средства за заштита на растенијата и ѓубрива во органското производство. Органското производство опфаќа практики како што се плодоред и зачувување на плодноста на почвата, во согласност со правилата за органско земјоделство. Правилата за органско производство вклучуваат и мерки што придонесуваат за зачувување на почвата, природните ресурси и биолошката разновидност. 

И кога станува збор за благосостојбата на животните, ЕУ регулативата за органско производство поставува минимални стандарди што ги надминуваат законските барања за конвенционално одгледување животни – на пример во однос на просторот, престојот на отворено и исхраната. 

Затоа, био не е ветување за совршена намирница, туку претставува јасно регулиран и контролиран систем на барања – од одгледувањето и преработката, па сè до контролата и означувањето.