КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Посна оброк салата со фалафел - од кујната на Марија Кочовска

dm дрогерие маркт

4/10/2026

Готово за 60 Мин.

Време за подготовка: 30 Мин.

Време за готвење-/печење: 30 Мин.

340 kcal / оброк

Состојки

за 4 Порции (4 порции салата)

За салата

  • 175 г dmBio смеса за фалафел

  • 200 мл врела вода

  • 1 чаша dmBio кускус

  • 1 чаша врела вода

  • ½ сечкана краставица на коцки

  • ½ главица сечкан црвен кромид

  • ½ чаша сечкан магдонос

  • 10 сечкани каламата маслинки

  • 1 сечкан домат

За дресинг

  • ¼ чаша маслиново масло

  • 1 лажичка сенф

  • ¼ мала лажичка мелен црн пипер

  • 1 чешне рендан лук

  • Сок ½ лимон

  • Сол по вкус

Подготовка

Насоки

  1. Смесата за фалафел ставете ја во длабок сад. Додајте ја врелата вода и измешајте. Оставете ја смесата 10 минути. Формирајте топчиња, премачкајте ги со масло и печете ги во рерна околу 30 минути на 200 степени (по 15 минути се превртуваат).

  2. Во длабока чинија ставете го кускусот. Додајте ја врелата вода и измешајте. Покријте со капак или најлонска фолија. Оставете го 10 минути додека ја упие течноста. Измешајте со вилушка.

  3. Припремете го дресингот. Во мала чинија ставете ги состојките и измешајте.

  4. Во чинијата со кускусот ставете ги зеленчуците. Додајте го дресингот и измешајте.

  5. На крај додајте го фалафелот.

Совети плус: 

  • По желба во салатата додадете варен наут или пиперки. 

  • Наместо обична вода, во кускусот можете да додадете топол зеленчуков бујонќе се добие многу побогат вкус. 

Ако барате лесен, хранлив и вкусен оброк кој не одзема многу време за подготовка, оваа посна салата со фалафел е вистинскиот избор. Комбинацијата од мек и сочен кускус, свеж зеленчук и ароматичен, крцкав фалафел создава совршен баланс на вкусови и текстури. 

Ова јадење е идеално за денови на пост, но и за секојдневен здрав оброк што ќе ви даде ситост и енергија преку целиот ден. Може да се послужи како главно јадење, а одлична е и за носење. 

Послужете и на здравје!