КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Упатство за самопреглед за мажи

dm дрогерие маркт

Време за читање 2 Мин.

11/21/2025

Ноември, или популарниот Movember е месецот кога растењето мустаќи го привлекува вниманието за здравствената заштита на мажите и ја нагласува важноста на свесниот начин на живот. Време е да престанете со лошите навики и да се сконцентрираме само за позитивни одлуки!

Stress or dance? Излежување или планинарење? Брза храна или нешто вкусно и органско? Животот е полн со различни избори, одлуки и можности. Некои се добри, некои не толку.

Ракот на простата е втор најчест карцином кај машката популација, додека ракот на тестисите е најчестиот облик на рак кај мажите на возраст меѓу 15 и 34 години. Movember е движење кое има за цел да ја подигне свеста за овие два вида на рак, но и воопшто за психофизичкото здравје на мажите. Започна во Австралија во 2003 година, а до денес е проширено низ целиот свет...секако и кај нас. Поради оваа причина, ве повикуваме да направите самопреглед на тестисите, доколку веќе не сте направиле.

Започнете со самопрегледување!

Самопрегледот на тестисите е едноставен и безболен метод за рано откривање на ракот на тестисите, кој по можност треба да се прави еднаш месечно. Доколку е потребно, обратете се кај општ лекар за да ве упати на специјалистички преглед.

Самопреглед на тестиси

  1. Опипајте го секој тестис посебно држејќи го помеѓу палецот и останатите прсти

  2. Цврсто, но нежно движете ги прстите од горе, надоле

  3. Задната страна напипајте ја од доле кон горе

  4. Треба да внимавате на топчест јазол во големина на зрно грашок или други неправилности

  5. Обратете внимание и на големината и обликот

  6. Вниманието насочете го и кон болка, промени на допирот или отеченост

Крај на листата