КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Машка SPA нега

dm дрогерие маркт

Време за читање 5 Мин.

12/29/2023

Машка SPA нега: Wellness совети за мажи

Ви откриваме неколку совети како до најдобриот SPA третман во вашиот дом.

Дотерани мажи... хмм тоа се бара. Во дрогериите на dm можете  да изберете од големиот асортиман на производи за нега на мажи, од основна нега на лице, коса и тело до домашни SPA третмани. Spa Wellness деновите се исклучително популарни – и најдобро е тоа што можете да го направите онака како што вие сакате. Влезете со нас во еден нов, ароматичен свет за негата на мажот.

Wellness за мажи – негата на телото може и да ве релаксира.

Одвојте малку време за себе и за wellness ден дома! Тоа значи, веднаш во када полна со топола вода или под топол туш. И нормално со вас секогаш е и вашиот омилен додаток за капење или вашиот омилен гел за туширање. Mоже и убава маска за лице специјално прилагодена за машката кожа. Веднаш ќе забележите како нивото на стрес се намалува, a еден нов бран на релаксација се шири низ вашето тело. Потоа, исушете се со топла крпа и почестете го вашето тело со добар, хранлив лосион за тело. Лосионот за тело го обновува заштитниот маслен слој  на кожата и ѝ дава дополнителна хидратација. Масирајте и ги затегнатите мускули. А, дали ги отстранувате влакната од вашето тело? Наједноставно е доколку го направите тоа за време или веднаш по туширањето. Сега е вистинско време и за маникир и педикир. Ноктите на рацете и нозете се доволно меки за да се исечат или обликуваат уредно. Ова е уште еден доказ дека wellness уживањето во вашиот дом може да биде подеднакво забавно и за мажите, зарем не?

Брадата е во мода – во мода да се негува! Затоа ние од dm сме секогаш тука да ви помогнеме. Кај нас ќе најдете сѐ што ви треба за целосна нега на брада – од масло за брада во различни мириси, до комплетната нега за брада. Ако се одлучите за комплетна нега за брада, ќе заштедите на многу поединечни набавки. Другата предност на комплетите е тоа што производите се совршено усогласени еден со друг. Основни производи на секој комплет за нега на брада се четка за брада и масло и брада. Но, во овие комплети може да се најдат и чешли за брада, остри ножици за брада, мелем за брада, шампон за брада и други производи. Одвојте време и откријте како можете да ја подобрите не за брада негата на вашата брада.

Нега на машко лице – wellness производи за вашето лице

Машката кожа ужива во редовно чистење и нега – особено лицето. Затоа, програмата за нега на лице секогаш започнува со темелно чистење на лицето. Пилинг или специјални гелови за миење на кожата на лицето и брадата ги отстрануваат нечистотиите и мртвите клетки на порите и ѝ даваат свежина на уморната кожа. Потоа ви препорачуваме маска за лице. Дали сте изненадени? Во секој случај, машката маска за лице е задолжителен дел од wellness третманот во домот. Која маска за лице ќе ја користите зависи од типот на кожата. Дали имате нормална кожа? Или масна? Дали сте склони кон брчки, црвенило или флеки? Покрај тоа, можете да изберете помеѓу маски против стареење, релаксирачки маски или оние кои едноставно ви даваат нова енергија и чувство на освежена кожа. По препорачаното време на дејство, отстранете ја маската со многу топла вода. Сега слободно можете да нанесете крем за лице кој одговара на вашата кожа и да уживате во мазната и негувана кожа.

Има толку многу добри работи што можете да ги направите за себе! Направете wellness ден во вашиот дом според вашите сопствени желби и потреби. Без разлика дали со избрани производи за нега на брада и лице за мажи, па сè до вашите сопствени ритуали во домашниот спа центар од кој излегувате како сосема нова личност. А вие, драги дами, сигурно ќе го најдете тоа што го барате во светот на Man Spa кога барате подароци за вашите мажи. Ние во dm правиме се да ве придружуваме на ова патување и да ве разгалиме со одлични, висококвалитетни производи за нега на тело за мажи. Со нетрпение ја очекуваме вашата посета!