КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Anti-aging нега за мажи
dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 3 Мин.

12/29/2023

Anti-aging нега за мажи!

Вака ќе ја одржите машката кожа витална: Нега за лице за мажи во 30, 40, и 50-те години.

Машката кожа е поцврста, позатегната и посилна од женската. До средината на нивните триесетти години, мажите генерално немаат проблеми со затегнатоста на кожата. После тоа, тие треба да направат нешто во врска со тоа! Магичниот збор е anti-aging! Што ѝ е потребно машка кожа во 30-тите години и 50-тите години:

Anti-aging нега за мажи во 30-ите години од животот

По триесеттите години, на машката кожа е потребно пред сѐ една важна работа: голема влажност. Хијалуронска киселина важи за извонреден резервоар за хидратација. Правилото е: кој вредно нанесува крем сега ќе изгледа значително помлад подоцна.

Што е тоа што е дополнително потребно? Витамин Ц и други антиоксиданти. Тие ја штитат кожата од влијанието на животната средина.

Сонцето не е безусловно најдобриот пријател на еден човек. Во негата на машката кожа, заштитата од сонце има највисок приоритет. Црвено-кафениот изглед не е во мода. Кремите за нега со заштитен фактор се особено практични за секојдневниот живот.

Ако не сакате да се откажете од бронзениот тен, дефинитивно треба да користите креми за самопотемнување. Кремите кои постепено ја потемнувата кожата се навистина едноставни за употреба .

Мажот во триесетите години става посебен акцент на делот околу неговите очи, каде што првите мали брчки се појавуваат доста рано. Се препорачуваат производи за нега на пределот околу очите, кои ги коригираат малите брчки и ги намалуваат борите.

Anti-aging нега за мажи во 40-ите години од животот

Стресното секојдневие, штетните влијанија од околината и секојдневното бричење оставаат траги на лицето. Кожата изгледа често уморна и безживотна, бидејќи се појавуваат првите знаци на загуба на колаген.

Колагенските или про-ретинол производи можат да ѝ помогнат на машката кожа во оваа фаза.

Во оваа фаза од животот, кожата сега се радува на регенеративни ноќни креми за лице. Време е во посилна употреба да се стават кремите против брчки.

Anti-aging нега за мажи во 50-ите години од животот

Колаген во кожата исчезнува. Лоша вест: Тој никогаш нема да се врати. На овој начин се губат еластичноста и затегнатоста. Затоа, негата треба да биде богата и ревитализирачка - со многу антиоксиданти, фолна киселини и ретинол.

И понатаму треба да се заштитува кожата од сонцето и да се води сметка за темелно чистење на лицето.

Времето не можеме да го промениме да работи во спротивна насока, но мажот може да го зачува негуваниот изглед до длабока возраст. Неколку ситни брчки сигурно нема да претставуваат голем проблем.