КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Како да избегнете иритација после бричење

dm дрогерие маркт

Време за читање 4 Мин.

12/29/2023

Како да избегнете иритација после бричење: 8 совети за мажи

Чешање и пецкање после бричење. Превенција на црвенило, осип и мозолчиња после бричење.

Кому ова не му е познато? Кожата на лицето е иритирана и нѐ чеша. Мали мозолчиња се расфрлани на вратот, брадата и образите. Што всушност се случува со кожата кога се јавуваат таканаречени иритации за бричење? Како може да се избегнат мозолчиња после бричење и други непријатности? Што помага против иритациите по бричење доколку се појават?

Што се иритации при бричење и како се јавуваат?

Како што сугерира името, иритациите од бричење (или Pseudofolliculitis barbae, како што дерматолозите го нарекуваат) се јавуваат после бричење. Се манифестираат со иритации, црвенила, ситни мозолчиња, осип, чешање и пецкање на кожата. Проблемите најчесто се појавуваат на вратот, лицето и во интимната зона.

Што всушност се случува со кожата после бричење? Ова може лесно да се објасни: бричот струга еден дел од површинскиот слој на кожата. Ја суши кожата, па затоа кожата е особено склона кон воспаление после бричење.

Спречување на иритација после бричење: 8 совети

  1. Важно е соодветното време од денот: Кожата е поопуштена наутро и толерира бричење подобро отколку навечер.
  2. Чистење на лице: Најдобро е да користите благ гел за чистење на лицето. Ги намалува нечистотиите и ја подготвува кожата оптимално за бричењето. Не заборавајте на горниот дел од вратот.
  3. Добра подготовка на влакната од брадата: Треба да се подготви не само кожата, туку и влакната од брадата. Лосиони за пред бричење или маслата за бричење се многу погодни за ова. Тие ги омекнуваат влакната од брадата и создаваат заштитен слој помеѓу сечилото и кожата. Ако немате масло при рака: Одвојте една минута и оставете пената или гелот за бричење да проделуваат.
  4. Соодветен брич: Апаратот, а особено сечилата, се клучни за пријатно бричење. Совет: Колку повеќе сечила има бричот, толку помал притисок се нанесува на кожата.
  5. Острината е важна: проверете дали сечилата за бричење се остри и чисти. Тапите сечила брзо доведуваат до помали повреди. Затоа, по секое бричење, треба темелно да ги исчистите под млаз вода и навремено да ги замените со нови сечила.
  6. Правилна техника на бричење: За чувствителна кожа, треба да се бричите во насока на раст на влакната. На овој начин, помалку ќе ја иритирате кожата.
  7. Чистење на лицето: По бричењето нанесете лосион или тоник за лице. Тоникот чисти, спречува воспаление и нечистотии и ја освежува кожата. Доколку имате склоност кон чувствителна кожа, треба да користите безалкохолни производи.
  8. Негата после бричење обезбедува смирена кожа: без разлика дали е крем, гел, мелем или течност - производот за после бричење е идеална завршница за секое влажно бричење. Ја смирува кожата, ја освежува, ја прави мека и мазна.

Успешен третман на иритациите после бричење

Што да направите ако, и покрај сите напори, се појават иритации? Кожата чеша, се појавуваат гребаници- тогаш треба да знаете што да правите и како да се ослободите од иритацијата по бричење што е можно побрзо:

Прво и најважно правило: Бричењето е забрането! Ако кожата е иритирана, треба да ѝ дадете пауза и закрепнување. За да ја ублажите болката и да ги затворите порите, треба да ја изладите кожата со коцки мраз или ладна вода - ова е, прва помош при појава на иритации. Потоа, треба да ја смирите кожата со мелем за после бричење. Покрај овие мерки, некои мажи користат и домашни лекови како мед или бебешка пудра.

Ако иритациите се повторат, постојат други, различни можности кои можете да ги пробате. На пример:

  • Променете ја техниката на бричење
  • Заменете го бричот, т.е. сечилата
  • Променете ги производите за нега

Ако ништо од ова не помага, најдобро е да се префрлите на електричен брич. Во тој случај, сувото бричење ќе биде најдоброто решение за вашата кожа. Ако иритацијата од бричење сè уште не исчезне, треба да се консултирате со дерматолог.