Јапонска VS Корејска козметика!
 


 

Јапонска козметика  

Жените во Јапонија имаат посебен пристап кон негата на кожата на лицето. Секој сегмент од таа нега од чистење, хидратација, па сѐ до секојдневна нега.... сѐ треба да биде во совршена хармонија со потребите на кожата. Сѐ треба да биде ритуал исполнет со посебно внимание, љубов и совршена хармонија. Уметноста на допирот е есенцијална во негување на лицето, зошто токму со тој нежен допир на прстите најдобро може да се почувствува состојбата на кожата.  Сите креми, гелови, серуми треба да се нанесуваат со нежно тапкање со прстите, сѐ додека да се впие целата количина во кожата. 


 

VS  


 

Корејска козметика 

Корејската козметика е токму затоа толку посакувана бидејќи нејзините состојки многу ретко речиси и ги нема во другите производи кои делуваат така одлично како во корејските препарати за козметика. Покрај тоа, корејската козметика често содржи високи концентрирани природни бустер агенси како што се ниацинамид или екстракти / масла од типични азиски растенија кои се одлични за кожата и кои веќе се користат со векови. Исто така може да се најдат ферменти од зеленчук од ориз, женшен или разни видови корени а тие пак играат многу важна улога. Во основа, азиските производи се сметаат за одлични решавачи на секаков вид проблеми со кожата. Речиси секој производ ги задоволува барањата за "третирање" на специфичен проблем со кожата. Спектарот е многу, многу широк - од нечистотии или губење на еластичноста до нестабилна бариера на  кожата.