Крај на листата
Kорејски и јапонски производи за лице достапни ексклузивно во dm.
Корејските и јапонските естетски концепти, на кои ние европејците, како и остатокот од светот им завидуваме, веќе го најдоа своето место на нашите полици. Еден од тие концепти се неверојатните, мултифункционани skin care производи, кои покрај нивните состојки, се истакнуваат и по процесот на кој се изработени.
Додека ние, во европската култура сме навикнати на еден начин на нега, таму некаде, на Далечниот Исток, некој ја има подигнато негата на лицето на едно сосема друго ниво. А колку е ова ниво навистина напредно, најубаво ни покажува неверојатната опсежност на нивната beauty рутина на нега на лице, која се состои од цели 10 чекори.
Азиската, поточно корејската нега е инспирација за создавање на бројни брендови за нега на лице. Во нашиот асортиман можете да пронајдете голем број на корејски и јапонски брендови, со кои ќе можете да ја практикувате оваа позната beauty рутина. Далеку познатите корејски брендови како, It´S SKIN, Ariul, NEOGEN, како и јапонскиот бренд HADA LABO, можете да ги најдете на нашите полици.
Корејските и јапонските производи, како дел од нашиот асортиман за нега на лице се постојано во нашиот фокус на работење, а понудата на овие производи е во постојан пораст. Откријте ги корејските и јапонските производи за нега на лице на нашите полици во вашата најблиска dm дрогерија и пружете си една темелна нега, каква што вашето лице заслужува.
Производи кои ги издвојуваме
Корејска козметика за нега на лице
Корејската козметика за нега на лице или К-Beauty со причина постана феномен што го освои светот во последните неколку години. Иновативни производи, напредна технологија и уникатни формулации се причината зошто корејската козметика стана глобален тренд. Висококвалитетните и ефикасни корејски производи за нега на лице ќе станат неизоставен дел од вашата рутина за убавина, а во вашиот dm можете да најдете голем број брендови на корејска козметика.
Зошто треба да ја пробате корејската козметика за лице?
Корејската козметика е позната по нејзиниот природен пристап кон нега на лицето. Повеќето корејски производи имаат благи и нежни формулации и затоа се погодни за луѓе со чувствителна кожа.
Корејките се едни од најсложените корисници на производи за убавина. Тие имаат високи стандарди затоа што знаат која е нивната крајна цел - совршена кожа на лицето. Затоа, корејската козметика е секогаш чекор пред другите. Постојаната иновација, нежните формулации и долгорочниот резултат се клучот за успехот и сјајна кожа на лицето.
Состојки на корејските производи за нега за лице
Што всушност ги прави производите К-beauty толку посебни? Одговорот е лесен и гласи: состојките. Тие се една од причините зошто корејската козметика толку брзо го освои светот, бидејќи корејските производи за нега на лице многу често не содржат парабени, вештачки мириси, синтетички бои и силикони. Но, тоа не е сè. Корејската козметика понекогаш содржи многу егзотични и ефикасни состојки кои обично не се користат во секојдневната козметика, а за кои е познато дека се многу ефикасни. Овие вклучуваат, на пример, канадска глина, женшен или Cantella asiatica, исто така позната како „Tigar herb“, е главната состојка во една од нејзините линии на производите за нега на лице на It´S SKIN.
Предности на корејската козметика за лице
Корејската козметика е неверојатно напредна кога станува збор за производи и рутини за убавина. Корејската козметика потекнува од култура во која грижата за лицето е исклучително важна и во која жените отсекогаш се стремеле кон совршена кожа. Затоа не е изненадувачки што нивната рутина за убавина има 10 чекори. Можете да прочитате повеќе за ова во нашата статија за корејската рутина за убавина во 10 чекори. Покрај тоа, корејската козметика доаѓа во естетски пријатни пакувања и со пристапни цени.
Маски за лице
Задолжителен чекор на корејските рутини за убавина се туфер маските за лице (sheet masks). Текстурата на овие маски е изработена од целосно природни целулозни влакна, кои совршено се прилепуваат на површината на кожата на лицето. Тие ѝ даваат инстант хидратација на кожата на лицето и создаваат слој кој ги задржува активните состојки и ги исполнува порите со сите потребни хранливи состојки на многу ефикасен начин, обезбедувајќи длабока хидратација на кожата на лицето. Корејската рутина за убавина е незамислива без овие маски. Ако не сте сигурни која маска да ја изберете, најдобро е да го прочитате нашиот текст за маските за лице и состојките што ги содржат.
Серуми за лице
Вистински претставници на корејската козметика за лице и неопходен дел од корејската рутина за убавина се серумите. Причината за ова е многу придобивки што серумите за лице ѝ ги даваат на кожата и фактот дека ѝ помагаат при голем број проблеми како што се предвремени знаци на стареење, губење на цврстината на кожата, хиперпигментација и безживотен тен.
Како се користи серумот за лице?
Се препорачува да се користи серум задолжително по чистење на кожата на лицето, бидејќи на тој начин кожата на лицето е подготвена за серумот. Неколку капки серум се доволни за најдобар ефект. За да ја завршите вашата рутина за убавина и да ѝ дадете целосна нега на вашата кожа, најдобро е да користите крем или масло за лице по серумот. Наш совет е да не го чувате серумот на сонце, бидејќи на тој начин постои можност да се деактивираат активните состојки како витамин Ц.