Крај на листата
Беспрекорна нега на тело и неодоливи парфеми
Негата и одржувањето на сопственото тело во добра форма од глава до пети може да биде тешка задача, особено ако се земе предвид огромниот избор на производи што ги исполнуваат полиците на dm. Да се пронајде вистинската нега за потребите на вашата кожа понекогаш е вистински предизвик. Во dm ќе ги најдете сите производи за нега на тело и парфеми кои се добро сортирани и детално опишани. На тој начин имате добар преглед и можете да пазарувате сосема релаксирано.
Сакајте го вашето тело!
Негувањето на телото и грижата за него е посебен чин на љубов кон себе. Здравата исхрана и доволно течности му даваат на телото енергија која му е потребна за да се справи со честопати стресното секојдневие. Со лосионот за тело обезбедувате меко и пријатно чувство на кожата и хидратација однадвор. По туширањето, богато нахранете ја вашата кожа со лосион за тело, со што таа ќе остане мека на допир и заштитена од сушење.
Ако веќе сте се запрашале дали сите производи за лична нега dm ги нуди и како природна козметика, нашиот одговор е: Да! Откријте ги сите производи во dm за природна нега на лицето, лосиони за тело како и природни сапуни и дозволете си да бидете разгалени од моќта на природните состојки.
Ти си моето сонце
Заштитата од сонце е неизбежна тема во текот на летото, ако сакате долго да уживате во здравата кожа. Но, она што за жал некои го забораваат е дека мора да ја заштитите кожата од штетното сончево зрачење дури и во зима. Тоа значи дека вие всушност треба да користите средства за сончање во текот на целата година, доколку сакате оптимално да ја заштитите кожата од предвремено стареење и да ја одржувате здрава.
Вистинското за секој тип на кожа
Да се одреди типот на кожа е првиот важен чекор, за понатаму да се прилагоди негата на лицето и да се добие здрав тен. Со правилно чистење на лицето, како и со пилинг и маски, вие не само што ќе ја разгалите вашата кожа, туку и вашата душа, со тоа што ќе одвоите време за себе. Ако немате желба самите да се занимавате со нега на лицето, организирајте еден пилинг-ден со вашата подобра половина или со пријателките и угодете ѝ на вашата кожа во целост.
Идеално отстранување на влакна за вашиот тип на кожа
Дали сте од оние кои повеќе сакаат да користат брич? Или повеќе ви одговара крема за отстранување на влакна за чувствителна кожа? За секој тип на кожа постои соодветен метод за отстранување на влакна. За што и да се одлучите, особено важно е по отстранување на влакната да ги третирате нозете со хидратантен и смирувачки лосион или крема, како не би дошло до иритација на кожата. Мажите можат по бричењето на лицето да употребат смирувачки и миризливи балсами за после бричење.
Нега за мажи
Се разбира, не ги заборавивме припадниците на „посилниот“ пол. Бидејќи исто така и многу мажи сакаат да се грижат за себе и да се разгалат со соодветни производи за нега на мажите. Во dm откријте го големиот избор на производи специјално дизајнирани за машката кожа, која поради нејзиното зголемено производство на себум бара многу поинтензивна хидратантна нега отколку женската кожа. Активирајте ги функциите на вашата кожа со производите за нега од SEINZ и Balea MEN видете како таа повторно ќе блесне.
Држете сѐ под контрола - нега на раце во dm
Не само на телото и на лицето им е потребна нега. Токму рацете се честопати склони кон пукање и сувост, бидејќи често ги миеме со сапун или лосиони за чистење, понекогаш се изложени на студ и ги користиме речиси за сè. Затоа е важно да користите производи за добра и длабинска нега на рацете како би ги заштитиле рацете од понатамошен надворешен стрес.
Земете ги стапалата во свои раце
Негата на стапалата, како дел од негата на телото, е нешто што најчесто го одложувате, бидејќи тие најчесто се во чевли или чорапи и не ни се баш пред очи. Сепак, тоа не значи дека тие не заслужуваат барем исто толку внимание колку и остатокот од телото, па затоа треба да се погрижите секогаш да имате негувани стапала!
Со врвните марки од dm, како што се Balea, или alverde, бидете сигурни дека вашите стапала ќе бидат секогаш добро негувани.
А како стоите со негата на ноктите? Дали страдате од зараснати или кршливи нокти? Редовниот педикир не само кај жените, туку и кај мажите е знак на добро негуван изглед, а исто така е и хигиенски. Можете да се разгалите со топла купка за стапала во студените месеци, а потоа нежно отстранете ја здодевната дебела кожичка околу ноктите и скратете ги ноктите со ножички за нокти. Со соодветна турпија дајте им го на вашите нокти финалниот облик.
Откријте го широкиот спектар на мириси
Дали фрливте око на некој одреден парфем? За жал, не е доволно само да го помирисате капачето од шишето. Во секој случај најпрво пробајте да прснете на внатрешната страна на подлактицата - е сега е време малку да почекате! Мирисот се развива по неколку минути и благодарение на pH вредноста, мириса многу различно на секоја кожа. Одвојте доволно време и едноставно испробајте неколку парфеми едно по друго додека не го откриете вистинскиот мирис за себе.
Дали веќе знаевте дека парфемот (Eau de Parfum) мириса поинтензивно и подолго од тоалетната вода (Eau de Toilette)? Дефинитивно треба да го земете предвид овој фактор при изборот на вашиот нов омилен мирис. Инаку, некои мириси не се оптимално погодни за сите сезони. Бидејќи во лето вообичаено е многу топло и загушливо, подобро е да избегнувате тешки и со благ мирис парфеми и наместо тоа да одберете мириси со цветни и свежи ноти.
Додатоци за убави нозе
Дали сјајни или мат, транспарентни или непроѕирни, кратки чорапи или долги хулахопки - во dm ќе откриете голем избор на овие женски додатоци во многу различни дизајни, бои и должини. И хулахопките и чорапите до колена се достапни во различни DEN-дебелини, од особено тенки до топли за во зима. Колку е пониска вредноста на DEN, толку е потенка чорапата. Како основно правило важи: од 30 DEN почнуваат непроѕирни чорапи и хулахопки. Сите вредности подолу од тоа припаѓаат на потранспарентните модели што се совршено погодни за потоплите месеци. Чорапи во различни големини и дебелини можат да се најдат во dm на пример од Stella Jones.
Очила за сонце - не дозволувајте да ве заслепат!
Брзо облечете бикини или шорцеви за капење, облечете ги апостолките и веќе сте подготвени сончев ден на плажа. Но, стој! Не заборавајте ги вашите очила за сонце! Очилата за сонце со висок квалитет се повеќе од моден додаток во сончевите денови. Правилните очила за сонце ги штитат очите од штетното УВ зрачење. Но, УВ-заштитата не е поврзана со нијансата на очилата, таа служи како заштита од заслепување. Следното правило важи: колку е посветло сонцето, толку потемна треба да биде нијансата на вашите очила за сонце. Можете да најдете висококвалитетни очила за сонце во dm, на пример од Ѕundance.
Кога станува збор за негата на телото, лицето, како и омилените парфеми, секогаш можете да се потпрете на нас. Вашата нега и убавите ароми се секогаш во преден план кај нас.