Крај на листата
Make-Up инспирации - сѐ што ти е потребно за беспрекорна шминка.
Шминката е прекрасна! Може да ви даде рамномерен тен, полни усни и навиткани трепки со поголем волумен. Голем дел од женската популација ѝ придаваат големо значење на нивната шминка и секојдневната рутина на шминкање е составен дел од нивната утринска програма за разубавување. Без оглед на тоа дали сте вистински професионалец за шминкање или тотален почетник, dm дефинитивно ги има вистинските производи за вас.
Совршени производи за вашите потреби
Бидејќи секој тип на кожа има различни потреби, производите за нега, како што се дневната крема, отстранувачот на шминка и слично, секако треба да бидат прилагодени на вашите сопствени потреби. Истото треба да важи и за вашата шминка која редовно ја нанесувате и која има значително влијание врз изгледот на вашата кожа.
trend !t up Производи
Најдобрата подлога: Блескав тен
Дали барате шминка со особено висока моќ на покривање, која ја прикрива нерамномерноста и прави нечистата кожа да делува порамномерно? Или претпочитате природна шминка која ја прави вашата кожа уште поубава? Без оглед дали течна основа, мус-шминка, крема за покривање или коректор за шминка - откријте која текстура се чувствува најдобро на вашата кожа. Освен тоа, за различни типови на кожа се погодни различни нијанси на шминка. Важно е шминката да се комбинира совршено со бојата на кожата и со тоа да ја потенцира вашата природна убавина. Шминката не треба да се тестира на задниот дел од раката, туку на зглобот, така што подоцна нема да се појават неубави рабови. Најдобро е да нанесете две до три нијанси и да проверите која (речиси) невидливо се поврзува со вашиот тен.
Вие одлучувате кога ќе блеснете!
Основата на пудрата треба да го постигне посакуваниот ефект. За кожата што има тенденција да блесне брзо, треба да се користи мат пудра, додека за сувата кожа би била корисна транспарентна пудра со сјаен ефект, како би се постигнал блескав тен. Нашите вработени со задоволство ќе ви помогнат да ги пронајдете вистинските производи за лицето, очите и усните.
Во dm ќе најдете голем избор на производи кои редовно ги исполнуваат желбите и идеите на нашите купувачи - од основната опрема, како подлога и прикривач, до моливи за веѓи и сенки за очи во најразлични бои.
Блеснете како дијамант
Токму кај шминката за очи, често е важно да испробате различни производи и техники на шминкање сè додека не ја пронајдете вистинската за себе. Најважно е да се чувствувате пријатно, без оглед на тоа дали сте едноставен тип или сакате да привлекувате внимание со вашата шминка. Но, зошто да се одлучите само за еден стил? Многу од нас претпочитаат дискретна и природна шминка за очи во секојдневниот живот, но во вечерните часови или за специјални прилики, сакаат да се нашминкаат поупадливо или повпечатливо. Пренесете го вашето расположение во надворешниот изглед со тоа што ќе се нашминкате онака како што се чувствувате во моментот! Со големиот избор на шминки, имате можност да ги испробате сите видови на техники за шминкање и на крајот треба само да донесете одлука: да излезете денес надвор од дома со лесна шминка, или сепак да ставите ајлајнер и маскара за волумен? Сеедно што ќе изберете - дозволете вашата внатрешност да заблеска и на површината!
Имате желба за кул усни?
Нашминканите усни важат за привлечни и многу естетски убави уште од египетската цивилизација. Дури и денес, љубителите на кармин поминуваат многу време давајќи им ја на своите усни идеалната нега и вешто обликувајќи ги со кармин во нивната омилена боја. Благодарение на долготрајните кармини повеќе не мора да нанесувате кармин нанесувате кармин на секои неколку часа, а има и огромен избор на бои. Дали сакате повеќе сјај? Тогаш пробајте ги сјајните кармини од trend IT UP!
Со ноктите зацврстете го изгледот
Каков би бил нечиј изглед ако не е целосно завршен? Комплетирајте ја вашата шминка и внимателно нанесениот кармин со совршен лак за нокти за крај. Дајте им на ноктите нов слој со силни нијанси или испробајте ги nude нијансите кои совршено одговараат со секоја шминка.
Професионален стајлинг додека трепнете
Секој сака убав стил како од професионалец, но совршениот изглед на шминка не мора секогаш да биде скап. Може да најдете особено прифатлива козметика, како што се кармини во многу бои, руменила, и сл. од s.he stylezone. Ако придавате голема важност на висококвалитетната содржина, можете слободно да посегнете по alverde. За производите од оваа марка на природна козметика се користат исклучиво природни суровини.
Откријте го во dm широкиот спектар на шминка и испробајте што е тоа што го потенцира вашиот тип - или можеби сакате одново да се откриете?
Не без мојата алатка
Што би бил занаетчија без чекан, пила и шрафцигер? Токму така. Шминката не е ништо друго освен импресивен занает. За тоа е потребна вистинската алатка. Со четки и алати имате можност да ѝ дадете дополнителна помош на и онака разновидната шминка и да постигнете уште подобри ефекти. И не заборавајте: Ако работите со алатки, треба редовно и да ги чистите! На пример, со средството за чистење четки од ebelin, така што работната површина (вашето лице) исто така ќе остане чиста!