КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Дали сте подготвени за летен омбре маникир?

Дали сте подготвени за летен омбре маникир?

Со оваа шарена техника, можете на ноктите да го отсликате доброто расположение, летото и сонцето!

Сончевите денови кои доаѓаат се совршено време да им го посветите на ноктите вниманието кое го заслужуваат! Што велите за еден поинаков омбре стил? Погледнете како да направите шарен омбре маникир во само неколку чекори!

Што ни е потребно:

  • Голема количина на добро расположение
  • Летни чувства
  • Храброст за впечатливи бои
  • Малку позитивни вибрации

Понатаму:

  • 2-3 trend IT UP лакови за нокти во различни бои
  • Сунѓерче за шминка
  • Чепкалки за уши
  • trend IT UP сјаен завршен слој (надлак)
  • Отстранувач на лак за нокти

Чекор 1: Нанесете боја на ноктите

Основата на омбре дизајнот е посветлата боја. Важно е овој слој темелно да се исуши пред да продолжиме со чекор 2.

Чекор 2: Обојте го сунѓерчето

Ставете од двете бои на сунѓерчето. Боите се нанесуваат така што треба во средина малку да се преклопуваат - ова овозможува преминот од едната во другата боја на омбре маникирот да биде навистина убав и рамномерен.

Чекор 3: Тапкање, тапкање, тапкање

Следно, натапкајте го сунѓерчето на ноктот со внимателни и нежни движења. Доколку сакате потемната боја да биде поинтензивна, тогаш натапкајте повторно - но овој пат искористете ја повторно на сунѓерчето само темната боја.

Понекогаш се случува да има мали нерамнини на ноктот по тапкањето, но ова лесно се решава кога ќе ставите завршен слој.

Чекор 4: Поправање на малите грешки

Може да се случи да намачкате лак и на прстите. Но, можете да го отстраните брзо и лесно со чепкалка за уши и малку отстранувач на лак за нокти.

За полесно да го постигнете овој прекрасен омбре стил обидете се со лаковите од нашата dm марка trend IT UP - специјализирана за шминки и лакови.

Потребни производи:

  1. ebelin отстранувач на лак за нокти, 125 мл

    ebelin

    отстранувач на лак за нокти, 125 мл

  2. ebelin nature стапчиња за уши, 200/1

    ebelin

    nature стапчиња за уши, 200/1

  3. trend IT UP ULTRA SHINE завршен слој за нокти

    trend IT UP

    ULTRA SHINE завршен слој за нокти

  4. trend IT UP N1 лак за нокти

    trend IT UP

    N1 лак за нокти

  5. trend IT UP N1 лак за нокти

    trend IT UP

    N1 лак за нокти

Крај на листата