КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Giving Friday во dm!

giving friday

Black Friday во dm има сосема друг карактер. Светски познатиот ден во кој продавниците се преплавени со попусти, кај нас има друга, хуманитарна и добротворна димензија. 

Седма година по ред, на овој ден, донираме 5% од вкупниот дневен промет направен на 28.11.2025, од сите наши дрогерии во хуманитарни цели!

Имено, собраните средства ќе бидат искористени за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организацијаСвети Спас. 

Затоа, направете го списокот со потребни производи и на 28 ноември се гледаме на хуманитарен шопинг во dm!

Купувајте и направете добро дело!