Крај на листата
Ви благодариме: Со ваша помош собравме 474.000 денари кои ќе ги донираме на јзу универзитетска клиника за ендокринологија!
Додека купувачите ширум светот се подготвуваа за најлудите попусти во годината на познатиот „Black Friday“, вие се подготвувавте за неверојатен филантропски шопинг и учество во хуманитарна активност заедно со вашите dm дрогерии.
Овој глобално популарен ден во dm го нарекуваме Giving Friday, а оваа иницијатива ја спроведовме на ниво на целиот dm-концерн под слоганот „Giving is the new black“. Оваа иницијатива за прв пат ја започнавме во 2019 година со донација во Клиничкиот Центар во Штип, а минатата година дониравме 300.000,00 денари во националната мрежа против семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“. Четврта година по ред, dm традиционално донира 5% од остварениот промет на Black Friday од сите dm дрогерии во хуманитарни цели.
Оваа година, со ваша помош успеавме да собереме 474.000 денари, кои ќе ги донираме во ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ЕНДОКРИНОЛОГИЈА
Затоа, во името на целата компанија сакаме да ви се заблагодариме на сите вас кои земавте активно учество во оваа филантропска иницијатива.