
Го продолжуваме нашето хуманитарно делување.
Дониравме 750 пакети со храна за социјално загрозени сограѓани.
Под слоганот „Купувајте во dm и направете добро дело“ на 27 ноември 2020 година по втор пат последователно ја организиравме кампањата „Giving Friday“ – хуманитарна акција во која одвоивме 5% од нашиот дневен промет, а со поддршка на нашите купувачи успеавме да собереме 233.700 мкд за храна и оброци за социјално загрозени сограѓани.
Тоа што го ветивме, денес и го остваривме! Денес започна поделбата на оваа донација: 750 пакети со храна беа доставени во организацијата „Ајде Македонија“, кои преку хуманитарните организации „Свети Спас“ , „АДРА Македонија“ и „Вистински дела на љубезност – Real acts of kindness“ , ќе завршат во рацете на нашите социјално загрозени сограѓани.
Новогодишните и божиќните празници се период на дарување, а нашите подароци оваа година решивме да ги однесеме онаму, каде што е најпотребно. Посебно нѐ радува фактот што во овие претпразнични денови успеавме, со ваков скромен гест, барем за момент да ја вратиме насмевката на лицата на нашите сограѓани.
Сакаме да ја изразиме нашата голема благодарност до сите наши купувачи, кои ја препознаа оваа иницијатива и несебично го дадоа својот придонес кон неа. Нашата општествена одговорност како еден од главните принципи на нашето работење ќе продолжиме и во иднина да ја докажуваме на дело, придонесувајќи на тој начин до подобра иднина за сите нас.