КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Ви благодариме: Со ваша помош собравме 405.735 денари кои ќе ги донираме на хуманитарната организација „Свети Спас“ за набавка на храна на социјално загрозени сограѓани!

Giving Friday

Во пресрет на новогодишните празници посебно ја чувствуваме убавината на дарувањето – дарување на внимание, време или убаво спакувани подароци. Ова е самата суштина на празниците - атмосфера на заедништво, топлина и споделување радост. Во исто време, празниците се и можност да се потсетиме на она што е навистина важно, а често ни недостасува во рутината и секојдневието. А токму тоа ние го правиме за Giving Friday веќе петта година по ред.

Оваа година со ваша помош успеавме да собереме 405.735 денари, кои ќе ги донираме во хуманитарната организација „Свети Спас“ за набавка на храна за социјално загрозени сограѓани. Затоа, во името на целата компанија сакаме да ви се заблагодариме на сите вас кои земавте активно учество во оваа филантропска иницијатива.

Овој глобално популарен ден во dm го нарекуваме Giving Friday, а оваа иницијатива ја спроведовме на ниво на целиот dm-концерн под слоганот „Giving is the new black“. Оваа иницијатива за прв пат ја започнавме во 2019 година со донација во Клиничкиот Центар во Штип, а минатата година дониравме 474.000,00 денари во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија. Петта година по ред, dm традиционално донира 5% од остварениот промет на Giving Friday од сите dm дрогерии во хуманитарни цели.