КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Giving is the new black! Купувајте во dm и направете добро дело!

Донираме 5% од вкупниот промет од сите dm дрогерии остварен на 29.11.2024 во хуманитарни цели!

giving friday

Black Friday во dm има сосема друг карактер. Светски познатиот ден во кој продавниците се преплавени со попусти, кај нас има друга, хуманитарна и добротворна димензија. 

Шеста година по ред, на овој ден, донираме 5% од вкупниот дневен промет од сите наши дрогерии во хуманитарни цели! Имено, собраните средства ќе бидат искористени за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организација „Свети Спас“.  

Затоа, направете го списокот со потребни производи и на 29 ноември се гледаме на хуманитарен шопинг во dm!