Крај на листата
ВИ БЛАГОДАРИМЕ: СО ВАША ПОМОШ СОБРАВМЕ 300.000 ДЕНАРИ КОИ ЌЕ ГИ ДОНИРАМЕ НА НАЦИОНАЛНАТА МРЕЖА ПРОТИВ СЕМЕЈНО И НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ „ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО“!
Додека купувачите ширум светот се подготвуваа за најлудите попусти во годината на познатиот „Black Friday“, вие се подготвувавте за неверојатен филантропски шопинг и учество во хуманитарна активност заедно со вашите dm дрогерии.
Овој глобално популарен ден во dm го нарекуваме Giving Friday, а оваа иницијатива ја спроведовме на ниво на целиот dm-концерн под слоганот „Giving is the new black“. Оваа иницијатива за прв пат ја започнавме во 2019 година со донација во Клиничкиот Центар во Штип, а минатата година помогнавме со донација на 750 пакети со храна за нашите социјално-загрозени сограѓани. Трета година по ред, dm традиционално донира 5% од остварениот промет на Black Friday од сите dm дрогерии во хуманитарни цели.
Оваа година, со ваша помош успеавме да собереме 300.000 денари, кои ќе ги донираме во националната мрежа против семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“.
Затоа, во името на целата компанија сакаме да ви се заблагодариме на сите вас кои земавте активно учество во оваа филантропска иницијатива.