КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Вертикализатори

Вертикализатори за деца со телесна попреченост - Уште една донација на dm дрогерие маркт насочена кон ОПУ со ресурсен центар „Иднина“ од Скопје.

Скопје, 1.9.2022 – Првото училишно ѕвонче го означи почетокот на учебната година, а во основното посебно училиште „Иднина“ најави и новата донација од  нивните партнери, dm дрогерие маркт.

Токму на првиот училиштен ден, вработените на dm дрогерие маркт ги посетија децата од основното посебно училиште „Иднина“ и ја збогатија опремата на ова училиште со два нови вертикализатори за деца со телесна попреченост

Вертикализаторите имаат за цел да ги олеснат потребите на децата со телесна попреченост, овозможувајќи им дел од времето да го поминат во исправена положба.

 „Согласно принципите на кои се темели филозофијата на dm како компанија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на општествените околности преку бројни ангажмани, проекти, донации и спонзорства“ – изјавија од компанијата.

dm дрогерие маркт е долгогодишен пријател на децата, специјалните едукатори - наставници и стручниот тим на ова училиште. Имено, ова е втора донација од овој вид од dm дрогерие маркт за ова училиште. Првата донација беше реализирана реализираше со набавка на дидактички образовни помагала за инклузивно образование, со што им беше обезбедена поддршка во развојот на учениците.