КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Донација Златан Сремец

Нов електромоторен транспортер за инвалидски колички за ОУРЦ ,,Д-р Златaн Сремец‘‘ од Скопје – Нова донација за училиштето од dm дрогерие маркт!

Со цел олеснување на работата на наставниците и подобрување на условите за децата кои се дел од воспитниот образовен систем во Посебното основно училиште ,,Д-р Златaн Сремец” од Скопје,  dm дрогерие маркт донираше електромоторен транспортер за инвалидски колички по рамни скалила.

Благодарение на овој електромоторен транспортер, училниците и сите останати простории од вториот кат на ова училиште ќе станат достапни за децата, кои досега поради техничките препреки немале можност да ги посетуваат.

dm дрогерие маркт е долгогодишен пријател на децата, специјалните едукатори - наставници и стручниот тим на ова училиште. Имено, ова пријателство започна кон крајот на учебната 2018/19 кога dm дрогерие маркт ја реализираше првата донација кон ова училиште со изградба на нова пристапна рампа на влезот на училиштето, со што им е беше обезбедена голема поддршка на учениците со телесен инвалидитет.

dm дрогерие маркт како компанија, паралелно со успешните резултати кои ги остварува од година во година, секојдневно вложува во заедницата во која делува.

„Согласно принципите на кои се темели филозофијата на dm како компанија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на општествените околности преку бројни ангажмани, проекти, донации и спонзорства“ – изјавија од компанијата.