КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Донација на образовни помагала

Компанијата дм дрогерие маркт донираше образовни помагала во основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ од Скопје

Скопје, 16.5.2022 –Со цел да ги направи деновите поминати на училиште поинтересни, но и да ја олесни работата на наставниците, а согласно потребите на учениците и посетителите, компанијата dm донираше дванаесет образовни помагала за инклузивно образование во основното училиште со ресурсен центар „Иднина“.

,,dm е компанија која е заснована на принципите на општествената одговорност. Паралелно со успешните резултати, кои ги оствруваме од година во година, постојано вложуваме во заедницата во која делуваме. Оваа донација не претставува гест на благодарност или обврска, туку одговорност, да придонесеме кон подобрување во нашата заедница‘‘, велат од компанијата.

dm дрогерие маркт оваа година бележи 10 години успешно работење на нашиот пазар. Компанијата во измнатите години реализираше низа општествено одговорни активности со цел да придонесе кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и да придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на социјално-загрозените категории на сограѓани.