КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Донација Лајка и Хепи Шелтер

По повод Светскиот ден на кучето: 400 килограми храна донирани од dm дрогерие маркт за две скопски прифатилишта за животни скитници.

Скопје, 26.8.2022. По повод Светскиот ден на кучето, dm дрогерие маркт ги посети Здружението за заштита на животните „Happy Shelter‘‘ и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка‘‘. При оваа посета, најголемиот европски дрогериски ланец донираше 400 килограми храна за кучиња, како помош за овие институции.

„Безусловната љубов и верност се доблести кои се резервирани само за најдобрите пријатели, а токму истите безрезервно ги добиваме од нашите крзнени пријателчиња секој ден. Со овој мал гест сакаме да им го разубавиме денот и да им ги наполниме стомачињата на овие прекрасни животни, а на самите институции за момент да им помогнеме во нивната благородна дејност“ – изјавија од компанијата.


dm дрогерие маркт е позната како општествено-одговорна компанија, која во своето десетгодишно успешно работење на нашиот пазар има реализирано низа општествено одговорни активности кои придонесуваат кон унапредување на условите за работа во различни здравствени и образовни институции, како и да кон подобрување на квалитетот на животот на социјално-загрозените категории на сограѓани. Со оваа донација, dm го прошири спектарот на своите хуманитарни активности, вклучувајќи и загрозени животни во своето портфолио на реализирани донации.

Донација Лајка и Хепи Шелтер