Крај на листата
Машкото здравје — приоритет за секој ден
Movember е месец посветен на подигнување свест и промовирање на грижа за здравјето кај мажите. Преку различни активности и заеднички заложби, ја охрабруваме заедницата да биде посветена на здрав и исполнет живот. Ова е време кога мажите и нивните најблиски се потсетуваат колку е важна поддршката, превенцијата и активното внимание кон сопствената благосостојба. Придружете се и вие и бидете дел од промената која значи!
Пријави се за РЕКРЕАТИВНО ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ и придружи се на настанот "Пуштам БРК – БРКам здравје!"
Кога: 16.11.2025 од 11:00 до 15:00 часот
Каде: Школка – Градски парк
Избери што најмногу ти одговара:
➡️ Голема рута од 63 километри, со старт во 10:30 – за оние што се храбри и сакаат предизвик!
➡️ Мала рута од 4 километри, со старт во 11:00 – за оние што сакаат дружба и лесна физичка активност!
➡️ Статични велосипеди за сите кои сакаат да бидат дел од овој енергичен ден!
Се прашуваш што те очекува, покрај возењето велосипед?
🎁 Подароци за СИТЕ ПРИЈАВЕНИ, но и изненадувања за сите присутни
🩺 Бесплатни консултации со уролог и општ лекар, при што ќе може да ви го измерат крвниот притисок и шеќерот во крвта
🍽️ Бесплатна дегустација на вкусни dmBio закуски подготвени од нутриционистот Симона Коруновска
🥛 Бесплатна дегустација на протеински шејкови и протеински штанглици од PROTEINI.SI и POLLEO Sport
🍵 Топли напитоци од Good Nature
🔧Бесплатна проверка и ситни поправки на велосипеди
🧔 Бесплатно потстрижување и стилизирање на брада со PHILIPS
🎉Дружба со Игор Ангелов, Александар Динев, Кристијан Станковски - Бомбакис, Никола Поповиќ - Ниџо
🎈 Креативно катче и игри за најмалите
🎵 Забава со DJ
Изразуваме огромна благодарност и до нашите пријатели од Здружението за друмски и планински велосипедизам ,,Маседониан бајк рајдерс" кои благодарение на нивното искуство ќе се погрижат возењето на рутата да помине во најдобар ред! 🩶
Сѐ што треба да направиш за да го обезбедиш твоето место на овој настан, е да се пријавиш на линкот!
Биди дел од нашата иницијатива за здрав живот.
Рокот за пријавување е до 12.11.2025. Побрзај и обезбеди си го твоето место!
Нега и козметика за мажи
Негата не е само за убавина – таа е израз на самодоверба и стил. Во dm ги имаме најдобрите производи за мажи кои сакаат да се чувствуваат свежо, енергично и сигурно секој ден. Од освежувачки гелови за лице до практични решенија за бричење и нега на кожа – тука ќе најдеш сè што ти треба за да ја истакнеш својата уникатност.










