КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Осип од пелени кај бебиња? Вака негувајте ја чувствителната област.

Црвената отечена кожа и малите воспаленија во пределот на пелената се голем и болен проблем како за бебињата, така и за  родителите. Како да го спречите и лекувате ви откриваме во продолжение.

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

Време за читање 3 Мин.

8/12/2024

Pelenski osip kod beba

Осип од пелени кај бебиња: Зошто се појавува?

Ранетата и отечена интимна зона кај бебињата е добро познат проблем за родителите. Малите воспаленија можат да се прошират од пределот на задникот, до пределот на гениталиите и препоните, со што се создаваат непријатни болки кај малечките.

Најчеста причина за тоа е урината и столицата, чија топлина и влага се собираат во пелената. Влагата и топлината ја омекнуваат чувствителната детска кожа и ја намалуваат нејзината заштитна функција. Поради ова, кожата станува подложна за бактерии и габи, на кои им одговара ваквата средина.

Црвенило во пределот на пелената: Како да го спречите?

Познато е дека подобро е да се спречи отколку да се лекува. Заштитете ја чувствителната кожа на вашето бебе со овие совети:

  • Најдобрата превенција за ова е редовно менување на пеленaта. Ова е особено важно ако кожата на бебето е чувствителна - во тој случај менувајте ги пелените што е можно почесто за да се спречи таложење на влага и течности на кожата.  

  • За подобра вентилација на чувствителното место, пелената треба да биде благо попуштена. На тој начин може да се ослободи топлината и влагата. 

  • Во повеќето случаи, само вода е доволна за чистење на областа околу пелената. За поголема практичност исто така можете да користите и влажни марамчиња, кои треба да се потопуваат само во вода.

Доколку веќе сте се одлучиле за влажни марамчиња со дополнителни состојки, прочитајте кои од нив се погодни за чувствителна кожа. По чистењето, нежно исушете ја чувствителната кожа.

Осип од пелени: Како да се третира?

И покрај сите мерки, кожата во пределот на пелената е црвена и болна? Еве како да го намалите црвенилото и воспалението:

  • За да ја ублажите површинската иритација на кожата, нанесете крем за заздравување на рани на проблематичните области. На тој начин ја смирувате кожата и поттикнувате регенерација.  

  • Дајте му на вашето бебе одмор од пелени, на тој начин кожата ќе може да се одмори и да се исуши на свежиот воздух. Секако, најдобро е тоа да го правите на отворено во текот на летото, но доколку сакате, можете да го пробате и во затворен простор.  

  • Исфрлете ги сите дополнителни состојки за чистење. Најдобро е да го чистите чувствителното место само со вода и меки марамчиња.

  • Во случај на силен осип, консултирајте се со доктор.