КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Бовчички со зеленчук

dm-drogeriemarkt

dm дрогерие маркт

6/18/2026

Бовчички со зеленчук 

Готово за 60 Мин.

Време за подготовка: 45 Мин.

Време за готвење-/печење: 15 Мин.

Вегетаријанско

Главно јадење

Состојки

за 4 Порции (4 чинии)

Бовчички со зеленчук 

  • 250 г пченично брашно

  • 100 мл вода

  • 1 јајце

  • 200 г спанаќ

  • 100 г намаз со билки

  • dmBio сол со зачини

  • dmBio мешавина од италијански зачини

  • 200 мл dmBio овесна павлака

Подготовка

бовчички со зеленчук 

  1. Чекор

    Од пченичното брашно, водата и јајцето замесете мазно тесто и оставете го да се одмори 15-20 минути. Потоа од тестото исукајте тенка кора, со дебелина од околу 3 мм и исечете квадратчиња.

  2. Чекор

    Во посебен сад измешајте го исчистениот и исечкан спанаќ со намазот од билки и италијанската мешавина од зачини. Околу една мала лажичка од смесата од спанаќ ставете на средина од квадратот.

  3. Чекор

    Преклопете ги спротивните краеви од тестото и со виљушка лесно притиснете, за смесата да не истече во текот на варењето. Бовчичките варете ги во солена вода 10-15 минути.

  4. Чекор

    Совет: Готовите бовчички прелијте ги со овесна павлака, во која претходно сте додале малку зачинска сол. За изработка на бовчичките можете да користите и интегрално брашно.

  1. dmBio сол со зачини, 200 г

    dmBio сол со зачини, 200 г

  2.  dmBio мешавина од италијански зачини, 75 г

    dmBio мешавина од италијански зачини, 75 г