КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
  1. Korejska beauty rutina u 10 koraka

    Откријте како да ја негувате кожата на лицето на според корејската рутина.

Крај на листата

Beauty рутина во 10 черкори на корејски начин

K-Beauty рутината за нега на лице не е “слепо правило“ и не подразбира дека сите 10 чекори се применуваат секој ден, два пати дневно. Потребно е да се препознае и да се открие својата персонализирана рутина согласно потребите и состојбата на кожата.

Суштината на негата не е да се нанесуваат што повеќе слоеви на производи, туку, да се направи правиот избор и со примена на правилен редослед и начин да се постигне максималнен ефект. За правилен редослед на нанесување, секогаш треба да се гледа според вискозноста, односно густината на производот, односно да се почне со нанесување на лесни производи, па да се работи постепено до потешки (пр. од тоник па сѐ до креми).

Начинот на кои се нанесуваат производите е дел од корејската филозофија за нега лице. Производите се нанесуваат директно со пристите на кожата, со тапкање, без притисок, развлекување, растегнување или триење.

1.    Маслен чистач за лице

Маслениот чистач за лице е идеален производ кој ги извлекува масните нечистотии од кожата, како вишокот себум, масните состојќи од шмините, кремите за лице и кремите со заштитен фактор. Употребувајте го така што ќе го нанесете на лицето со кружни движења. На тој начин маслото продира подлабоко во порите, ги привлекува масните нечистотии и ги групира. Потоа е потребно лесно да го натопите лицето, со што се покренува т.н. процес на “емузификација“ со кој се извлекуваат сите нечистотии на површината, по што лицето треба темелно да се измие.

2.    Пена за лице

По чистењето со маслен чистач, на површината остануваат одредени нечистотии, кои треба да се измијат со пена или гел (средство на база на вода), со што би добиле беспрекорно чиста кожа и би биле спремни за наредниот чекор. Нанесете го производот на рацете или директно на лицето, вмасирајте и измијте со вода. Кај некои пени за лице потребно е претходно убаво да се запени структурата, па потоа да се нанесе на лице, да се вмасира и да се измие со вода.

3.    Пилинг

Пилингот е постапка во рутината на негата на кожата со која се отстрануваат мртвите клетки од кожата. Со редовно отстранување на мртвите клетки, кожата се ослободува од сите нечистотии од порите, се забрзува циркулацијата и се регенерираат самите клетки. Дополнително се поттикнува природниот процес на производство на колаген, а и се подобрува апсорбцијата на производите на лице кои сакаме да ги нанесеме. Пилингот се употребува веднаш после чистењето, а пред да го нанесеме тоникот.

  1. МОЙ гел за миење лице, 150 мл

    МОЙ

    гел за миење лице, 150 мл

  2. It´S SKIN пена за миење лице, 200 мл

    It´S SKIN

    пена за миење лице, 200 мл

  3. PILLING BEAN пилинг за лице, 4 г

    PILLING BEAN

    пилинг за лице, 4 г

Крај на листата

uljani čistač lica

4.    Тонер-тоник

Прв чекор во рутината после чистењето на лице и прв слој хидратацијата. Ги отстранува дополнително нечистотиите, ја враќа pH вредноста на кожата, ја припрема за апсорбирање на активните состојки од наредните чекори. Тоникот, за разлика од тонерот се разликува во текстурата (полесен и поводен), но има иста функција. Како се користи? Тонерот се нанесува веднаш по чистењето на лице, пред кожата потполно да се исуши. Се нанесува со нежно тапкање, сѐ додека кожата потполно не го впие.

5.    Ампули и серум

Ампулите и серумите се производи за нега на лице со висока концентрација на активни состојки за решавање на конкретни проблеми со кожата (флеки, дамки, губиток на еластичност, дехидрација и слично). Како се користат? Во зависност од видот на серумот ненесувањето е различно, па така серумите на водена база се нанесуваат на лицето нежно со натапкување, додека целосно не се впијат. Серумите во спреј, од друга страна само се напрскуваат на лицето.

6.    Sheet маска

Sheet маска или маска марамица (туфер маска) за лице може да биде од различен материјал (микрофибер или хидрогелна) натопена во серум со богати активни состојки. Се нанесува на измиено, чисто и тонрано лице и се држи колку што е наведено на пакувањето.

  1. Balea тоник за лице за сува кожа, 200 мл

    Balea

    тоник за лице за сува кожа, 200 мл

  2. Balea тоник за лице за нормална кожа, 200 мл

    Balea

    тоник за лице за нормална кожа, 200 мл

  3. It´S SKIN серум за лице, 30 мл

    It´S SKIN

    серум за лице, 30 мл

  4. Balea AQUA хидратантна ампула за лице, 2 мл

    Balea

    AQUA хидратантна ампула за лице, 2 мл

  5. MBeauty хидратантна туфер маска за лице, 1 парче

    MBeauty

    хидратантна туфер маска за лице, 1 парче

  6. MBeauty златна фолија маска за лице, 1 парче

    MBeauty

    златна фолија маска за лице, 1 парче

  7. MBeauty PEEL OFF маска за лице со активен јаглен, 1 парче

    MBeauty

    PEEL OFF маска за лице со активен јаглен, 1 парче

Крај на листата

7.    Крем за околу очи

Кремите за пределот околу очите се наменети за чувствителната регија околу очите и ја снабдуваат со хранливи состојки, ги намалуваат брчките и темните кругови, како и ја подобруваат отпорноста на кожата. Се користат такашто се нанесуваат со нежно натапкување со малиот прст околу целата очна празнина. Може да се користат и туфери за подочници, кои исто така се делотворни за оваа регија од лицето.

8.    Емулзија

Овој чекор е класика “корејска рутина“ и се препорачува да се користи наместо крем за лице, посебно за сите оние кои имаат масна или комбинирана кожа во текот на летниот период. За време на студените денови на сите со сува и дехидрирана кожа им се препорачува овој чекор пред нанесување на крем за лице. Како се користи? Емулзијата или лосионот се нанесува такашто потребната количина најпрво се нанесува на рацете,  потоа со лесни кружни движења лесно се вмасирува на претходно исчистениот и тониран дел од лицето и вратот, избегнувајќи го пределот околу очите.

  1. MBeauty маска за подочници, 1 пар

    MBeauty

    маска за подочници, 1 пар

  2. alverde naturschön серум за лице, 30 мл

    alverde

    naturschön серум за лице, 30 мл

  3. Balea BEAUTY EFFECT серум за лице со 5 вида хијалурон, 30 мл

    Balea

    BEAUTY EFFECT серум за лице со 5 вида хијалурон, 30 мл

Крај на листата

uljani čistač lica

9.    Крем за лице

Кремот за лице е завршниот чекор во негата на кожата и обезбедува максимална апсорбција на активните состојки. Кремот се нанесува наутро и/или навечер, со лесни нежни кружни движења се вмасирува во кожата и се избегнува пределот околу очите. Кремот за лице со заштитен фактор е последниот чекор во „корејската рутина“ за нега на кожа. Овој чекор е задолжителен и не треба да се прескокнува. Се користи 365 денови во годината, без разлика на годишното време.

10.    Крем за лице со заштитен фактор – BB крем

Многумина овој чекор го сметаат за непотребен, поради фактот што во студените денови од годината температурите се ниски и нема сонце, но факт е дека сончевите зраци продираат и низ најгустите облаци и со самото тоа ѝ штетат на кожата на лицето, а ние воопшто не сме свесни за тоа. Затоа е важно во својата skin care рутина да вклучиме креми за лице кои содржат заштитен фактор.

  1. Balea Q10 крем за лице, 50 мл

    Balea

    Q10 крем за лице, 50 мл

  2. Balea BEAUTY THERAPY ноќен крем за лице, 50 мл

    Balea

    BEAUTY THERAPY ноќен крем за лице, 50 мл

  3. Balea крем за лице со витамин Ц, 50 мл

    Balea

    крем за лице со витамин Ц, 50 мл

  4. Ariul крем за лице од јајца, 70 г

    Ariul

    крем за лице од јајца, 70 г

  5. PUREDERM BB крем за лице, 30 г

    PUREDERM

    BB крем за лице, 30 г

Крај на листата