Крај на листата
Нега на коса каква што заслужувате!
Кратка или долга? Права или кадрава? Руса или темна? Тенка или со волумен? Во dm ќе најдете најразлични производи за нега на коса, со највисок квалитет погодни за сите типови на коса. Сите производи кои ги сакате, како и совети за нега на коса можете да пронајдете во продолжение на оваа страница.
Совршената нега на коса може да биде едноставна
Правилната нега на коса е неопходна доколку сакаме сјајно и убаво влакно! Најважно е таа да биде прилагодена на вашиот тип на коса. Прво и најважно, на сувата коса ѝ треба многу хидратација, тенката коса има потреба од волумен, а оштетена коса треба да биде снабдена со хранливи материи.
Правилната нега започнува со миење на косата. Но, колку често треба да се мие косата? По правило колку е потенка вашата коса, толку почесто треба да ја миете. Тенката коса треба да се мие секој втор ден, бидејќи масните корени брзо стануваат видливи. Ова важи и за масната коса. За да се спречи брзо замрсување, се препорачува немасен или свеж шампон, на пример од Balea. Исто така, во текот на миењето нанесете балсам или третман на коса само на врвовите.
Оштетената коса треба да се мие на секои три дена и строго со негувателен шампон и регенератор за сјајна коса - тука може да ги одберете од добро бројните познати брендови во нашите дрогерии, како што се LOREAL ELSEVE, Garnier Fructis, GLISS и многу други. Во никој случај немојте да заборавате да користите маска за коса. Маските за коса се доста делотворни, поготово за сувото и кршливо влакно. Сигурни сме дека веќе имате своја фаворт-маска за коса, но доколку не, ви предлагаме да ги пробате маските од LOREAL, Balea PROFESSIONAL или пак GARNIER. Во случај на многу оштетена коса, во линијата за убавина треба да бидат вклучени и редовни третмани за коса со rapair ефект или leave on регенератори. Во нашиот асортиман можете да пронајдете неверојатен избор на производи за нега на коса.
Особено едноставно е со густа и цврста коса која треба само да се мие еднаш неделно. За посебна интензивна нега, можете да користите шампон за длабинско миење, кој ги отстранува наслагите и остатоци од производите за стајлинг од вашата коса и скалпот.
Немате време да ја измиете косата? Постои едноставно решение за ова: шампони за суво миење! Функционира многу едноставно: го прскате производот (на пр. Од Batiste или Balea) на косата, го оставате кратко време да делува, а потоа истријте со крпа. За крај само исчешлајте ја косата и voilà - имате свежа, измиена коса повторно и можете да го поместите времето за следното миење!
Совети за идеална нега за коса
За да уживате што подолго во она свежо чувство како да сте излегле од фризерски салон не треба да ја миете обоената коса премногу често. Совет: По боењето, не треба да ја миете косата најмалку 48 часа, така што пигментите во боја можат да делуваат подобро. По миењето, не заборавајте го регенератор, кој ќе ги запечати врвовите на косата. Така, интензивната боја ќе се задржи подолго. Обоената коса никогаш не треба да ја сушите со крпа. Ова може да ја оштети структурата на косата и да предизвика избледување на бојата и мат изгледот.
Топол совет за топлите денови: избегнувајте солена вода или вода со хлор. Овие елементи негативно се одразуваат на структурата на косата, како и на нејзината боја. Русата коса, на пример, може да добие зеленикави тонови. Шампоните за сива, седа и руса коса може да бидат од помош. Во нашите дрогерии можете да ги пронајдете ваквите шампони од повеќе брендови, како што се Balea PROFESSIONAL.
Совети за нега на коса
Правилно фенирање
Дали често употребувате пегла за коса или фен? Нанесете спреј за заштита од топлина и можете слободно да се фенирате или да ја пеглате косата. Најдобро би било при фенирање да користите овална четка за да добиете мазен изглед на коса, полна со волумен. За косa, коja e подолгa од брадата се препорачуваат овални четки со голем обем, додека за пократка коса, секако се препорачуваат помали четки.
Елегантна фризура или опуштена варијанта?
Со практичните додатоци за коса, спортските плетенки, елегантните пунџи, како и разиграните плетенки може да бидат направени многу лесно. Доколку сакате косата едноставно да не ви паѓа над лицето, а сепак тоа да изгледа како интересен undone look, пробајте едноставно со обични ластичиња, како оние од нашата dm марка ebelin. Овие ластичиња ќе направат косата да „паѓа“ лесно, плетенката да изгледа со дополнителен волумен, а и не ја оштетуваат косата, како тенките ластичиња. Пред да ја врзете вашата коса во плетенка, можете лесно да ја истапирате, за да изгледа дека е полна со волумен. За крај фиксирајте ја фризурата со лак или спреј за коса.
Доколку сепак повеќе претпочитате строги плетенки, ви препорачуваме да користите тенки ластичиња, кои убаво ќе ја зацврстат вашата коса. Мал совет: пред да ја врзете косата, поминете ја еднаш или два пати со пегла за коса. За да го дадете завршниот изглед на вашата фризура, земете неколку тенки прамени и замотајте ги околу ластичето. Потоа прицврстете ја фризурата убаво со шнолички.