КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

NIVEA Q10 Energy

Уверете се во моќта на витаминот Ц!

  1. Nivea Q10 Energy Bühnebild

    NIVEA Energy Q10

    Уморна кожа? Вратете ѝ ги енергијата и сјајот!

Крај на листата

Уморна кожа? Вратете ѝ ги енергијата и сјајот!

Целодневни состаноци, коктели после работа, прекраток сон: Животот на младите жени е често бурен и стресен. Таквиот ритам остава траги дури и на младата кожа. Таа станува безживотна и уморна, а се појавуваат и првите мали брчки.

Линијата за нега на лице NIVEA Q10 Energy - формули инспирирани од биологијата на кожата содржат комбинација од 3 моќни антиоксиданси кои работат во совршена хармонија и се борат против првите знаци на стареење, уморен изглед и мали брчки. Имено, антиоксидансите се борат со слободните радикали, една од најважните причини за предвремено стареење на кожата. NIVEA Q10 Energy содржи антиоксиданси присутни во клетките на кожата. Коензимот Q10 кој е идентичен на кожата ѝ дава енергија на кожата, ја штити и се бори со првите знаци на стареење на природен начин. Витаминот Ц ја штити од слободните радикали, загадувањето и УВ зрачењето, а витаминот Е ѝ помага на кожата да се регенерира, ја зајакнува нејзината одбранбена клеточна бариера и го подобрува нејзиниот потенцијал за задржување на водата. На овој начин кожата може да се заштити, да се бори со првите брчки и повторно да блесне со полн сјај.

  1. NIVEA Q10 Energy дневен крем за лице, 50 мл

    NIVEA

    Q10 Energy дневен крем за лице, 50 мл

  2. NIVEA Q10 Energy серум за лице, 30 мл

    NIVEA

    Q10 Energy серум за лице, 30 мл

  3. NIVEA Q10 Energy маска за лице, 1 парче

    NIVEA

    Q10 Energy маска за лице, 1 парче

Крај на листата

Запознајте ги сите производи од оваа линија

Ви претставуваме дури 5 одлични производи за нега на лице со кои можете да заборавите на уморната кожа. Откријте ја целата линија NIVEA Q10 ENERGY за здрав сјај на кожата!

  • NIVEA Q10 Energy Дневниот крем обезбедува ефикасна антиоксидантна заштита. Ја навлажнува кожата и ја штити од УВ зрачење благодарение на заштитниот фактор 15.
  • NIVEA Q10 Energy Cерумот во монистра ја буди кожата на лицето, ги намалува знаците на замор и ги отстранува првите брчки за само 2 недели.
  • NIVEA Q10 Energy Маската ѝ дава на кожата здрав и енергичен изглед за само 10 минути. Нанесете ја маската во оние денови кога на вашата кожа и е потребна дополнителна нега. Веднаш ја хидрира кожата, ги намалува ситните брчки и го враќа сјајот на кожата.