
Крај на листата
NIVEA
Традиционалниот германски бренд од Beiersdorf е создаден во 1911 година со лансирањето на легендарниот крем NIVEA, а денес е светски познат бренд со преку 500 производи. Низ децениите, NIVEA воведе безброј иновативни производи за нега на кожата, а развојот продолжува со постојано поставување на нови стандарди во негата на кожата. Нејзините производи ја чистат, негуваат и заштитуваат кожата, притоа давајќи ѝ го токму она што ѝ е потребно - нежна и ефикасна нега што ја прави мазна, еластична и прекрасно сјајна. NIVEA е бренд со срце, претставува доверба и квалитет, а посебно внимание посветува на одговорноста кон луѓето и околината.
Издвојуваме
Производите на NIVEA нудат сигурна заштита - повеќе од 100 години
Сè започна со кремот за нега на кожа: во 1911 година, Пол Бејерсдорф го продаде првиот крем NIVEA во аптеките и дрогериите. Карактеристичната сина боја на брендот NIVEA беше додадена дури подоцна. Денес е тешко да се замисли полица без неа, а може да се најде во речиси секоја бања. NIVEA редовно ја проширува својата палета во која можеме да најдеме гелови за туширање, лосиони за тело, дезодоранси и друго. Меѓу специјалните линии на брендот, можете да најдете сеопфатен асортиман на производи за нега. NIVEA SUN е синоним за заштита од сонце, линијата за нега на NIVEA MEN нуди производи за нега за мажи, а NIVEA BABY е специјално прилагодена на потребите на нежната детска кожа.
NIVEA има се за нега на лице
NIVEA е најпозната по својот хидратантен крем за лице и тело во класична сина лимена кутија или во туба што ја прави кожата кадифено мека и сјајно убава. Сувата, безживотна и зрела кожа исто така прекрасно се храни благодарение овој крем. Со производите на NIVEA со ефект против стареење, кожата не само што добива доволно влажност, туку станува уште позатегната, помлада и изгледа посвежо. Во исто време, NIVEA редовно ја развива својата палета на креми и лосиони на оригинален и имагинативен начин, како на пр. со NIVEA Urban Skin Care, која е вистинската нега за сите што живеат во градовите бидејќи е прилагодена на потребите на кожата во таква средина.
NIVEA нега на коса и кожа
Во дрогериите на dm, покрај добро познатата крема, ќе го најдете и остатокот од понудата на брендот NIVEA. За оптимална нега на косата, достапни се дерматолошки тестирани шампони кои нежно делуваат на скалпот и ефикасно го спречуваат првутот. Може да им верувате и на производите за бричење и после бричење NIVEA. Во дрогериите на dm ќе најдете сѐ за нежно бричење и неодоливо привлечна мазна кожа. NIVEA е бренд со традиција која е секогаш иновативна, па затоа е бескомпромисно посветена на одржливоста и придава големо значење на еколошкото производство на своите производи. Откријте го разновидниот свет на производите на брендот NIVEA во онлајн продавницата на dm!
NIVEA нега за мажи
Клишето на малку изнервиран маж кој нетрпеливо оди горе-долу по претсобјето додека госпоѓата ја блокира бањата веќе не е секојдневие. Денешниот модерен маж придава големо значење на личната хигиена. Иако секојдневната лична хигиена мора да биде ефикасна во машкиот свет, изборот е сепак голем кога станува збор за производи за лична нега, како и козметика за нега на брада и коса. NIVEA MEN му нуди на мажот кој внимава на грижата сè што му посакува срцето, од гелови за туширање и дезодоранси до пена за бричење и после бричење до нега на лице и лосиони за тело. Повеќе за NIVEA MEN производите дознајте тука.
NIVEA нега за бебиња
Кожата на вашето бебе е деликатна и чувствителна бидејќи нејзината бариерна функција сè уште не е целосно развиена. Затоа ѝ се потребни вистинските производи за нега кои интензивно ја штитат кожата на бебето. Без разлика дали се работи за основна опрема, заштита од сонце или нега за сува кожа: сите детски производи на NIVEA се дерматолошки тестирани и се специјално прилагодени на потребите на младата кожа. Во нашите дрогерии ќе ги најдете сите производи за нега на NIVEA за вашето дете.