КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Грижа за себе-Совет 3: Јадете интуитивно

Teaser

Како повеќе да ги слушате сигналите на вашето тело при јадењето.

Придржувањето до прецизни планови и прописи ја одзема радоста на јадењето. Кога станува збор за интуитивно јадење, ништо не оди според планот, туку многу повеќе според логичните правила и сопствената интуиција. Кога ќе се внесете во овој начин на исхрана, ќе се навикнете да ги заменувате старите навики со нови. Не принудно, туку сосема природно. Повеќе ќе го слушате сопственото тело кога ќе донесувате одлуки за храна. „Децата сè уште го можат тоа многу добро, додека ние возрасните, за жал, заборавивме како да го правиме тоа“, вели медицинскиот нутриционист и диететичар Maria Anna Benedikt. Интуитивното јадење се тренира полека и внимателно. Така постепено се навикнувате и на нова култура на исхрана: далеку од надворешните влијанија и кон внатрешниот глас. Притоа е важно: Прифатете внатре во себе дека вашето тело е скапоцено и верувајте му.

Инструкции: во 5 чекори до интуитивно јадење

1 - Редовно јадете во мир

Сега кроасан за носење, попосле брза ужина: Особено во стресни времиња честопати поминуваме низ денот со грицки. Редовното јадење оброци стана стана вистинска реткост во денешно време. „Нашиот начин на живот често воопшто не ни дозволува да појадуваме сами на раат или заедно со други или пак да седнеме навечер на семејната трпеза “, нагласува експертот за исхрана. Пријатното седење на масата или друштвото на другите луѓе гарантираат дека ќе јадете побавно и во мир. Тоа причинува задоволство и не го преоптоварува варењето на храната. Позитивен несакан ефект: побрзо ќе забележите дека сте сити.

2 - Намалете го стресот

Бурните ситуации често доведуваат до јадење на нешто многу слатко или мрсно „на нога“ или во движење. Дополнително: „Многу луѓе ги компензираат негативните чувства како стрес, досада или фрустрација со храна“, вели експертот за исхрана. Посегнувањето по брза закуска во овие моменти делува заситувачки и задоволувачки, барем на почетокот. Но, кратко потоа, познатиот екстремен глад брзо се враќа. Затоа се исплати, особено во стресни ситуации: слушајте ја интуицијата и запрашајте се дали навистина чувствувате глад или посегнувате по грицките од друга причина. Доколку сте гладни: Ако е можно, седнете во мир и свесно уживајте во оброкот. Уште еден совет: Ако се обидете да се опуштите неколку минути што е можно почесто, ќе имате и помал апетит за нездрави јадења.

3 - Јадете со уживање

Подготвувајте ја вашата храна што е можно почесто свежа и посветете ѝ го целото ваше внимание. Се разбира, тоа не секогаш успева, но на овој начин може да се тренира свесната перцепција и уживањето. Избегнувајте читање, слушање подкаст или гледање телевизија додека уживате во вашиот оброк. Така ќе ја перцепирате храната со сите сетила. Преку нив вие го гледате, мирисате, вкусувате и чувствувате она што го јадете: мирисот на цимет во кашата за појадок, боите и топлината на зеленчукот печен во рерна. Ова го зголемува уживањето и ја подобрува способноста за уживање.

4 - Вашиот избор нека биде висококвалитетна храна

Сфатете го вашето здравје како покрив кого го држат три силни греди: исхрана, вежбање и психа. Сите три фактори работат заедно за да обезбедат што е можно поздрав начин на живот. Што, каде и како јадете има огромно влијание врз вашата благосостојба. Експертот за исхрана затоа препорачува да бидете сигурни дека храната е со многу добар квалитет. „Често зборуваме за прехранбени продукти, но всушност тоа се животни намирници – намирници за живот“, вели таа. „И како такви треба да ги цениме“.

5 - Грицкајте со уживање

Парче чоколадна торта со вашето кафе или пуканки во кино навечер: не мора целосно да се откажете од слатките и солените работи кај интуитивната исхрана. Треба да биде само умерено. Најважно е навистина да уживате во закуските и грицките кога ќе решите да се почестите. Наместо да се воздржувате со забрани, можете да користите заповеди кога јадете интуитивно: „Денес ќе се почестам со парче колач, ќе одвојам време и ќе уживам во секој залак.“ Целосно без грижа на совеста, но со внимание од љубов кон себе.

Заклучок: Само храбро! Верувајте му на сопственото тело и не ставајте се под притисок, како би можеле сè повеќе и повеќе да ја слушате вашата интуиција.

Придобивките од интуитивната исхрана накратко:

  • Тренирате за да ги согледате сигналите на сопственото тело.
  • Се зголемуваат радоста и уживањето при јадење.
  • Полесно ќе забележите дека сте сити.

    Крај на листата