КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Нежен допир: Вака изгледа негата на бебе за почетници

bebe

Детско масло, пудра за бебиња, седиште за капење и влажни марамчиња/пешкир? Вака ќе станете професионалец.

Заедничко чувство на топлина и релаксација: Ова е особено важно за новороденчињата. Ним им е потребно време за да дојдат до нивниот нов свет. Затоа гушкањето е особено важно. Грижата за телото е и грижа за меѓусебниот однос. 

Грижа за бебето на лесен начин

Толку мали и толку совршени: Не е ни чудо што младите родители се несигурни за своите малечки. Повивање, пелени и пудра за бебиња до сега беа непознати зборови ? Не грижете се - додека малечките ја надмнат фазата на пелени, вие ќе го повиете вашето бебе уште околу 4.000 пати. А до тогаш следи мала школа за нега на бебе. 

Hегување на односите

Благите бебешки креми можат да го поддржат природниот заштитен механизам на кожата. Овој механизам во првите години од животот на бебето сè уште не е целосно развиен и сè уште не може ефективно да го штити од студ, влага и сушење.  

Притоа, вие не само што ја негувате неговата кожата туку и врската со вашето дете: Уживајте во грижата за вашето бебе и допирите - великодушно галете го и дајте си време за тоа бидејќи тоа зближува и ја зајакнува врската помеѓу мајката и бебето.

Светот на папокот

За да не дојде до воспаление на папокот потребна е и посебна грижа. Во деновите по раѓањето на бебето, остатокот од папочната врвца ќе поцрни, ќе се исуши и ќе испадне. Дотогаш треба да се внимава да биде секогаш сув и чист. Во првите денови посебно внимавајте на хигиената на рацете кога го допирате или галите вашето бебе. 

Играње со најмалите 

Повеќето новороденчиња сакаат да се бањаат. Притоа најважно е на бебето да не му е ладно. Водата за бањање, собната температура и додатоците за бањање мора да одговараат на потребите на бебето. Оптималната температура на водата е 37 степени.  

Без разлика дали во специјална када за бањање, во бебешка бања или во големата бања, забавата ви е  загарантирана. Дозволете му на вашето малечко да испроба сè. Бањањето во када со седиште за бебиња е безбеден начин на бањање - а исто така и вам двете раце ќе ви бидат слободни.  

После тоа е време за облекување и повивање - по можност под топлинска ламба. За бришење и сушење на кожата после бањањето, бебешките пешкири со капа се многу практични бидејќи спречуваат мократа глава на бебето да  стане премногу ладна.

Уметноста на повивање

Повивањето исто така се учи. Мала забелешка: мажите, исто така, многу брзо се развиваат во вистински мајстори за повивање ако им се даде можност. Колку е важно менувањето пелени и правилната нега може да се види кога подобро ќе ја погледнете кожата на бебето: Киселиот заштитен слој сè уште не е целосно формиран, остатоците од столицата или урината полесно ја напаѓаат кожата.

За нежното бебешко газе, чистењето при секое менување на  пелената е особено важно. Со влажната крпа за еднократна употреба или влажни марамчиња темелно ќе ги отстраните столицата и бактериите.