Три различни начини на шминкање со 5 производи
Колку различни производи за шминкање се реално потребни за да создадеме дневна и вечерна варијанта на шминкање? Ние велиме максимум 5!
dm дрогерие маркт
Време за читање 4 Мин.
•
1/13/2026
Поставивме предизвик да создадеме три различни изгледи со само 5 производи: секојдневен изглед, вечерен изглед и еден поинаков за оној момент кога сакате да пробате нешто необично.
Ги избравме овие 5 производи од dm:
trend !t up Make-up & Concealer 2in1 Camou
палета trend !t up Highlighter & Bronzer ‒ Face Lights Highlighter & Bronzer Edition
кармин alverde Color & Care
маскара alverde Glamorous Volume
молив alverde
Дневен изглед
За секојдневието создадовме блескав изглед со суптилно шминкање на очите.
Прво нанесете ја пудрата како база за да ги покриете ситните неправилности.
За блескав финиш, нанесете малку од карминот на јаболчиците и истријте со сунѓерче за шминка.
Хајлајтерот го користевме како сјајна сенка за очи и со четка внимателно нанесовме по целиот горен очен капак.
Со моливчето повлечете мека, кратка и странична линија нанадвор. Како помош може лесно да ја затегнете кожата со прст за да добиете рамна линија.
Потоа повлечете тенка линија на горниот капак до средината на трепките. За да добиете посвеж изглед, таа линија лесно размачкајте ја со прстите.
За крај, премачкајте го само горниот раб на трепките, а ако сакате попродорен поглед, обојте го и долниот раб на трепките.За да ја освежите шминката во текот на денот, едноставно користете го карминот за усни.
Вечерен изглед
Со истите 5 производи што ги користевме за секојдневниот изглед може да создадете и одлична вечерна шминка. Овде особено се нагласува шминката на очите и повеќе се користат бронзер и хајлајтер.
Првиот чекор е нанесување течна пудра за да се добие рамномерен тен.
Потоа со мека четка нанесете бронзер на деловите од лицето што природно ги допира сонцето (носот, јаболчиците и темето).
Со прст нанесете хајлајтер на врвот од носот, на јаболчиците и над усните и нежно размачкајте за мек финиш.
За очите, со моливче направете потемна линија на горниот капак и странична линија. За помоќен изглед, лесно размачкајте со памучно стапче.
Потоа со моливчето повлечете и долна линија на очите, но само на надворешниот дел, со цел окото да не ја изгуби големината.
На крајот, горните и долните трепки двапати премачкајте ги со маскара.
Ставете кармин на усните и вечерниот изглед е подготвен.
Необичен изглед
Последниот изглед ќе ги привлече сите погледи!
Оваа шминка за очи можеби изгледа комплицирано на прв поглед, но со точни чекори е многу лесна.
Прво внимателно нанесете ја пудрата со сунѓерче, за да се соедини со кожата.
Потоа нанесете бронзер на јаболчиците, а над нив нанесете хајлајтер.
На горниот очен капак нанесете хајлајтер како сенка, а на наборот од капакот малку бронзер. Ова му дава мат финиш на капакот, а линијата подобро се задржува и помалку се размачкува.
На горниот раб на трепките, од надворешниот кон внатрешниот раб, со моливче нацртајте линија до три четвртини од капакот и нежно изразете ја навнатре. Потоа продолжете со странична линија однадвор.
Пробајте двете линии да завршуваат околу висината на наборот од капакот.
Потоа линијата поврзете ја со вклопување на линијата од наборот.
Внатре линијата треба да завршува на висина на горниот раб на трепките. За мек финиш, нежно истакнете со памукче или со прст.
За комплетирање на изгледот, горните трепки двапати премачкајте ги со маскара и нагласете ги усните со кармин.
Ако сакате суптилен изглед, може да го нанесете карминот со прстите како во првиот изглед.