

dm дрогерие маркт
Време за читање 3 Мин.
•
1/3/2024
Совет за рачна изработка: Ролни од тоалетна хартија против заплеткани кабли
Нема повеќе нервози за заплетканите кабли: Ви покажуваме како да направите практични држачи за кабли од ролни од тоалетна хартија.
На сите ни е познато ова: Батеријата на телефонот ни е празна и панично го бараме полначот. Го наоѓаме заплеткан со сите останати кабли во фиоката. Но, за ова постои едно многу едноставно и еколошко решение: Празни ролни од тоалетна хартија.

Сѐ што ви е потребно е:
- Празни ролни од тоалетна хартија
- Украсна трака
- Украсна хартија
- Стикери
- Ножици
- Лепак
- Боици за боење или пишување
Чекор 1: Украсете со трака и стикери
Секако, може да ги ставите каблите во ролната и без да ја декорирате. Но, ќе изгледа многу поубаво доколку ја украсите ролната со трака или стикери. За да го направите тоа, исечете трака во должина која ќе ви биде потребна и залепете ја на краевите од ролната. На овој начин, ќе ја заштитите и ролната од кинење и уништување.
Дополнителен совет: Украсувањето може да ви користи за да воведете и поголем ред на каблите, на пример: Ролните во која стојат каблите од компјутерот направете ги жолти. Во сини ролни ставете ги сите кабли кои ви се потребни за телефонот. Ова многу ќе ви олесни веднаш да го пронајдете кабелот кој ви треба.
Чекор 2: Завиткајте со украсна хартија
Сакате комплетно да ја сокриете сивата ролна? Тогаш, зошто да не ја завиткате со украсна хартија? Обележете ги надворешните линии од ролната на задната страна од хартијата. Откако ќе исечете, може да започнете со лепење: Осигурајте се дека краевите се добро прицврстени на ролната.
Дополнителен совет: Не купувајте специјално за оваа намена нова украсна хартија. Кога сте ги виткале подароците за Нова година, сигурно ви останале неупотребени мали парчиња. Тие перфектно ќе одговараат за виткање на ролните.
Чекор 3: Завршете и поставете
Кога ќе се исуши лепакот, ќе можете да ставите крај на заплетканите кабли: Завиткајте го секој кабел и еден по еден ставајте ги во ролните. Може да ги ставите и ролните во кутија од чевли, вертикално поставени една до друга. Или поставете ги една до друга во фиока – обележани според нивната употреба.