КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Тука сум човек тука купувам.  

dm Mitarbeiterin schlichtet Regal.

Тука сум човек тука купувам.  

Оваа изрека во центарот го става човекот како индивидуа, било да е вработен или купувач. dm ѝ нуди на секоја личност соодветна понуда која ќе ја нагласи нејзината индивидуалност. dm ја живее својата филозофија преку богат асортиман, висок квалитет, љубезно советување од страна на вработените и добар пристап до купувачите. 

Човекот е во центар  

Наш постојан предизвик е да формираме компанија која ќе ги облагороди потрошувачките потреби на нашите купувачи, и ќе делува како друштвено- одговорна заедница во нашата околина. Со заеднички сили и работа да овозможиме на нашите вработени усовршување, а преку тоа водењето на компанијата се заснова на следниве принципи: 

Начела кон купувачите  

На пазарот настапуваме со помош на сите маркетинг инструменти како би придобиле постојани и верни купувачи, а нивните потреби ќе ги облагородиме со понуда од квалитетни производи и квалитетна услуга. 

Начела кон вработените  

Посакуваме и овозможуваме на сите вработени да учат едни од други, хумано да се однесуваат едни кон други и да го препознаваат и прифатат другиот како индивидуа. Исто така сакаме да направиме услови во кои секој вработен ќе ги препознае своите можности и способности, кои ќе ги развива на адекватен начин како успешно би ги извршувал поставените задачи. 

Начела кон партнерите  

Со нашите деловни партнери негуваме долгорочна, сигурна и рамноправна соработка како би нѐ препознале како партнер со кој можат да ги остваруваат своите идни цели и идеи. 

Martin Engelmann - Vorsitzender der dm Geschäftsführung

„Потребно е многу идеализам кој води до остварување на начелата.  
Покрај тоа, потребна е храброст и реализам вистинските прилики секогаш отпочеток, постојано да ги мериме со вистински идеали.“ 
Mартин Енгелман, Претседател на управниот одбор на dm