КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина

Интернационално признати

dm drogerie markt спаѓа во еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа. Првата продавница е отворена уште во 1973 година во градот Карлсруе во Германија. Денес на ниво на dm Групацијата има повеќе од 93.000 вработени. Во Македонија  првите продавници се отворија во 2012 година, а до денес за Вас отворивме вкупно 24 продавници во 10 града (Скопје, Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид и Струга). Наша цел е да отвориме продавници ширум цела Македонија.    

Успешни во работењето

Во деловната 2024/2025 година dm Групацијата оствари промет од 19,197 милијарди евра. Вкупните инвестиции во изминатата година изнесуваа 133 милиони денари, што сведочи за континуиран развој на продажната мрежа, воведување нови технолошки решенија и и континуирано спроведување на мерки за заштита на животната средина. 

Zufriedene Kunden bei dm drogerie markt

Вработени

Во целата dm група ширум Европа, на ниво на dm Групација во моментов има повеќе од 93.000 вработени, на кои dm им дава креативно и сигурно работно место. 

Број 1 кај купувачите во Европа   

Во асортиманот на dm продавниците се опфатени топ актуелни производи од разновидни асортимани. Првичниот фокус е асортиманот од областа на нега и убавина, органска храна (сертифицирана согласно Регулативата на ЕУ за органско производство), бебиња и домаќинство. Дополнителниот асортиман го сочинуваат храната за домашни миленичиња и сезонски производи како и производи од сопствената dm марка.