КатегорииКатегорија навигацијаГлавна содржина
Одржливи брендови

Одржливи брендови - Во хармонија со природата

dm како компанија одговорно се однесува кон животната средина и нејзиното нарушување го сведува на минимум, бидејќи општеството во кое живееме ќе биде одржливо за иднината само ако успееме да го вратиме во хармонија со природата. Исто така, на нашите купувачи сакаме да им понудиме можност да донесат свесна одлука во корист на одржливите производи. Фокусот е на dm марките, но dm посветува особено внимание на заштитата на животната средина и одржливата економија и кај брендовите од своите партнери.

Одржливи dm марки

Многу купувачи доаѓаат во dm првенствено поради нив: dm марките. Она што многумина не го знаат: Покрај одличниот сооднос на цена и квалитет и врвен квалитет, сопствените марки на dm се одликуваат и по својата одржливост. Од 2009 година, знакот dm за одржливост во форма на лист од детелина на прв поглед покажува кои аспекти на производот или неговото пакување се особено еколошки.

90 проценти од производите на асортиманот на dm марка потекнуваат од Централна Европа, а повеќето од нив од Германија и Швајцарија. Со тоа dm осигурува работни места, ги крати долгите патишта за транспорт, а со тоа ја намалува и емисијата на CO2 во воздухот. 

Не се практикува тестирање на животни на ниеден производ од асортиманот на dm марка.  

Од 2014 година, производите од dm марките се целосно ослободени од микропластика. 

При изборот на пакувањето, во преден план стои заштита од оштетување или расипување. „Истовремено тестираме разновидни ветувачки материјали, како и различни мерки со кои ќе успееме да обезбедиме одржливи и еколошки пакувања за нашите dm марка производи“ изјавува Петра Грубер, директорка на Маркетинг и Набавка во dm Австрија.